Бразил победи со 2:0 на гостувањето кај Уругвај во јужноамериканските квалификации за СП 2022. Со тоа „кариоките“ продолжија со победничката низа на врвот на табелата во зоната КОНМЕБОЛ со вкупно 12 бода. Головите за гостите ги постигнаа Артур и Ришарлисон уште во првото полувреме, а во второто Едисон Кавани доби директен црвен картон.
Добар перформанс имаше и Аргентина која се врати со победа од Перу. „Гаучосите“ со головите на Гонзалез и Мартинез исто така во првото полувреме го решија прашањето околи победникот.

