Младата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, денеска од 13.30 часот на терените на ФФМ го игра последниот меч од циклусот квалификации за ЕП 2021. И покрај сите проблеми со играчкиот кадар, селекторот Благоја Милевски има само една цел, а таа е победа над Црна Гора и потврда на второто место во групата, веднаш зад големиот фаворит Шпанија.
Во пресрет на овој меч во нашиот национален тим имаше проблеми со Ковид-19, но се надеваме дека тоа нема да влијае на добрата атмосфера која владее во селекцијата.
Во останатите два меча од нашата група од ова последно коло, се среќаваат Казахстан – Ф. Острови и Шпанија – Израел.

