Ракометарите на Еурофарм пелистер и Металург вечерва ги продолжуваат настапите во ЕХФ Европската лига. Битолчани во својата сала ќе го пречекаат швајцарски Кадетен Шафхаузен во меч од 3. коло, иако и за двата тима ова е само втор меч во групата. Швајцарците имаа победа на стартот, битолчани почнаа со пораз. Дуелот во салата „Боро Чурлевски“ стартува од 18.45 часот.
Металург синоќа пристигна во Леон по 43 часа и поминати 3.000 километри со автобус. Тимот од Автокоманда вечерва е гостин на Адемар Леон во меч од новото коло, откако и двата тима досега имаат само по еден меч во групата.
Натпреварот со Адемар Леон се игра денеска со почеток во 20.45 часот.

