Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез е позитивен на коронавирусот, соопшти прес-службата на Уругвајската фудбалска федерација. Тоа значи дека тој најверојатно ќе ги пропушти неколкуте следни натпревари.
Првиот во низата е дуелот со Бразил во квалификациите за СП 2022, а потоа и дуелот со Барселона во рамките на 10. коло на Ла Лига.

