Ракометарите на Еурофарм Пелистер, попланево од 18.45 часот на домашен терен го пречекуваат тимот на Шафхаузен во рамките на 3. Коло од ЕХФ Европската лига. Во пресрет на мечот, ракометарот на битолскиот тим, Мартин Велковски имаше свој коментар за очекувањата од средбата.
„Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но, така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме“, вели тој.
Дуелот во Битола почнува од 18.45 часот.

