Author: saso

NBA

Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата, Клеј Томпсон нема среќа со повредите. Кошаркарот на Голден Стејт неодамна закрепна од повредата на коленото, но сега се здоби со повреда на Ахиловата тетива на тренинг во Калифорнија. Томпсон наскоро ќе замине на детални лекарски прегледи, а доколку се потврди дека повредата е сериозна, тоа ќе значи дека сезоната за него е завршена уште пред да започне. Тоа ќе значи дека за само 16 месеци, Томпсон се здоби со двете најсериозни повреди за еден кошаркар, бидејќи претходно во јуни 2019 година ги скина предните вкрстени лигаменти, поради што не играше…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, помина 20.700 километри за да одговори на повикот на бразилскиот селектор Тите за двата квалификациски натпревари за СП во 2022 година. Крилниот напаѓач беше повикан за натпреварите со Венецуела (1:0) и Уругвај (2:0), но не мина ниту една секунда на теренот за петкратниот светски шампион. Неговото патување со авион беше Мадрид – Рио де Жанеиро, Рио де Жанеиро – Сао Паоло и обратно.  Медиумите во Бразил побрзаа да прават вести за ова и веруваат дека следниот пат Вини ќе се запраша како да реагира кога ќе добие повик од Тите.

Read More

Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира призна дека отсекогаш сонувал да игра во англиската Премиер лига. Германскиот играч за врска се чини дека ќе го напушти Торино, бидејќи не е приоритет за тренерот Андреа Пирло, а во интервју откри дека сака да игра во Англија. „Уште како дете, сонував да играм во Премиер лигата. Ќе бидам навистина среќен ако мојата кариера помине низ англискиот шампионат, затоа што не играв таму. Јас секогаш ќе бидам среќен што ќе играм во Лигата на шампионите, но имам уште еден фокус “, изјави Кедира за Скај Спорт Германија.

Read More

Менаџерот на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го продолжи договорот со „граѓаните“ до 2023 година. Актуелната соработка имаше важност до 2021 година, односно до крајот на сезоната, но она што медиумите го најавија уште пред некој месец доби реализација. Пеп пристигна на клупата на „граѓаните“ во 2016 година, успеа да стигне до две премиерлигашки титули, но не ја освои Лигата на шампионите. Тоа како голема желба на сопствениците на тимот и натаму останува проект на кој ќе работат со Шпанецот.

Read More

Вардар утре го пречекува Киелце во нов меч од Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелот, искусното крило Тимур Дибиров со своја изјава за очекувањата од мечот: „Натпреварите меѓу Вардар и Киелце е како ракометна класика. Секогаш е неизвесно и навистина во Скопје чекаме неизвесен меч. Натпреварот со Флензбург покажа дека нема многу разлика во квалитетот. Киелце е една од екипите против која е најтешко да се подготвуваш. Имаа фантастични играчи како Карачиќ, Душеваев, ќе биде тешко, но нашата шанса е дома да направиме добар резултат. Верувам во нашата екипа, затоа што без разлика дали губиме или победуваме на натпреварите…

Read More

Кошаркарот на шпанскиот ACB лигаш, Гран Канарија, Џејкоб Вајли (26 години- 203 сантиметри), ќе биде во конкуренција за едно од 12. места во репрезентацијата на Македонија на претстојниот квалификациски турнир во Естонија. И дефинитивно процедурата за неговото добивање македонско државјанство е завршена на време, и тој е веќе регистриран во канцеларијата на ФИБА. „Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана…

Read More

Натпреварот меѓу екипите на Куманово 2009 и Берое, кој беше предвиден да се игра на 20 ноември (петок) во рамките на новото коло од регионалната БИБЛ лига е одложен. Подоцна ќе биде одреден новиот термин за негово одигрување. Како главна причина за ова одложување, менаџментот на БИБЛ лигата го наведува факторот дека има нови, позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на нашиот претставник. Ова е веќе втор случај на одложување на еден меч кој треба да го игра Куманово 2009. Минатата недела, поради истите причини, во последен момент мораше да биде одложен натпреварот со екипата на ТФТ во Скопје.

Read More

Четворица фудбалери на ерменската фудбалска репрезентација се заразени со коронавирус, пренесе утрово официјалната веб-страница на Ерменската федерација. Според информацијата, вчер апозитивни тестови на Ковид-19 имале Горг Газарјан, Саргис Адамјан, Андре Чалешер и Григор Меликсетјан. Тие денеска ќе го пропуштат натпреварот од 6. коло на Лигата на нации против Македонија кој е закажан во Никозија. Коронавирусот бил дијагностициран и кај кондицискиот тренер Хавиер Минјанон, како и кај тројца членови на делегацијата.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација попладнево (18 часот) во Никозија го игра натпреварот со Ерменија кој ќе биде последен во новото издание на Лигата на нации, каде имаме реална шанса да завршиме како први во групата и во следниот циклус да тргнеме од Б-сегментот во ова УЕФА натпреварување. Против Ерменците играме директен дуел за првата позиција, но и двете репрезентации во мечот влегуваат ослабени. Македонија ќе биде без голем дел играчите од првиот тим. Пандев, Адеми, Барди, Елмас, Димитриевски, Николов, Спировски, Кире Ристевски и Алиоски не се во денешниот ростер на селекторот Ангеловски од најразлични причини. Дополнително беа ангажирани Томе Китановски од…

Read More

Францускиот шампион ПСЖ во јануари има намера да го донесе 28-годишниот дански играч за врска од екипата на Интер, Кристијан Ериксен. Според извори блиски до двата клуба, парискиот спортски директор Леонардо веќе ги продолжил преговорите со агентот на Ериксен во врска со неговата можна преселба во Париз. ПСЖ е подготвен да вклучи еден од своите играчи од средниот ред во зделката – Идриса Гуеје, кој беше купен од Евертон летото 2019 година за 30 милиони евра, но во игра е и Аргентинецот Леандро Паредес, кој играше за Зенит од 2017 до 2019 година. Забележано е дека доколку Интер се согласи…

Read More