Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, помина 20.700 километри за да одговори на повикот на бразилскиот селектор Тите за двата квалификациски натпревари за СП во 2022 година.
Крилниот напаѓач беше повикан за натпреварите со Венецуела (1:0) и Уругвај (2:0), но не мина ниту една секунда на теренот за петкратниот светски шампион. Неговото патување со авион беше Мадрид – Рио де Жанеиро, Рио де Жанеиро – Сао Паоло и обратно.
Медиумите во Бразил побрзаа да прават вести за ова и веруваат дека следниот пат Вини ќе се запраша како да реагира кога ќе добие повик од Тите.

