Македонската фудбалска репрезентација попладнево (18 часот) во Никозија го игра натпреварот со Ерменија кој ќе биде последен во новото издание на Лигата на нации, каде имаме реална шанса да завршиме како први во групата и во следниот циклус да тргнеме од Б-сегментот во ова УЕФА натпреварување.
Против Ерменците играме директен дуел за првата позиција, но и двете репрезентации во мечот влегуваат ослабени.
Македонија ќе биде без голем дел играчите од првиот тим. Пандев, Адеми, Барди, Елмас, Димитриевски, Николов, Спировски, Кире Ристевски и Алиоски не се во денешниот ростер на селекторот Ангеловски од најразлични причини. Дополнително беа ангажирани Томе Китановски од Македонија Ѓ.П, Душко Трајчевски од Докса и Дарко Мицевски од Вардар, па со малку комбиниран состав ќе се обидеме да ја добиеме Ерменија, која на првиот меч во Скопје ја совладавме со 2:1.

