Францускиот шампион ПСЖ во јануари има намера да го донесе 28-годишниот дански играч за врска од екипата на Интер, Кристијан Ериксен. Според извори блиски до двата клуба, парискиот спортски директор Леонардо веќе ги продолжил преговорите со агентот на Ериксен во врска со неговата можна преселба во Париз.
ПСЖ е подготвен да вклучи еден од своите играчи од средниот ред во зделката – Идриса Гуеје, кој беше купен од Евертон летото 2019 година за 30 милиони евра, но во игра е и Аргентинецот Леандро Паредес, кој играше за Зенит од 2017 до 2019 година.
Забележано е дека доколку Интер се согласи на продажба, тогаш за сума од најмалку 25-30 милиони евра, Ериксен ќе стане нов член на ПСЖ.

