Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата, Клеј Томпсон нема среќа со повредите. Кошаркарот на Голден Стејт неодамна закрепна од повредата на коленото, но сега се здоби со повреда на Ахиловата тетива на тренинг во Калифорнија.
Томпсон наскоро ќе замине на детални лекарски прегледи, а доколку се потврди дека повредата е сериозна, тоа ќе значи дека сезоната за него е завршена уште пред да започне.
Тоа ќе значи дека за само 16 месеци, Томпсон се здоби со двете најсериозни повреди за еден кошаркар, бидејќи претходно во јуни 2019 година ги скина предните вкрстени лигаменти, поради што не играше минатата сезона.