Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира призна дека отсекогаш сонувал да игра во англиската Премиер лига. Германскиот играч за врска се чини дека ќе го напушти Торино, бидејќи не е приоритет за тренерот Андреа Пирло, а во интервју откри дека сака да игра во Англија.
„Уште како дете, сонував да играм во Премиер лигата. Ќе бидам навистина среќен ако мојата кариера помине низ англискиот шампионат, затоа што не играв таму. Јас секогаш ќе бидам среќен што ќе играм во Лигата на шампионите, но имам уште еден фокус “, изјави Кедира за Скај Спорт Германија.
