Почетокот на Австралија опен може да биде пролонгиран од јануари за февруари или март следната година поради ситуацијата со Ковид-19 во земјата, објави Хералд Сан. „Сигурен сум дека ќе го одржиме Австралија опен на почетокот на следната година“, изјави Ендру Ендрус, премиер на државата Викторија. „Точниот рок, деталите и мерките што ги воведовме сè уште не се донесени и веднаш штом се направат, со задоволство ќе ги споделам со вас“, додаде тој. Организаторите засега не се достапни за коментар.
Author: saso
Годинешен добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во Европа е Ерлинг Халанд. Фудбалерот на Борусија Дортмунд е освојувач на наградата која премиерно беше доделена во 2003 година од страна на торинскиот весник „Тутоспорт“. Норвешкиот напаѓач славеше во конкуренција на младиот Ансу Фати од Барселона, односно Алфонсо Дејвис од Баерн. Наградата ќе му биде врачена на 14 декември годинава во Торино, Италија.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел беше видно нервозен по поразот од Монако на дербито во француското првенство. ПСЖ по првите 45 минути водеше со 2:0, но потоа Монако направи целосен пресврт за конечни 3:2. „Катастрофално второ полувреме. Постигнавме два гола, а потоа дозволивме да примиметри. Во второто полувреме се случи нешто со нашата концентрација. Не бевме доволно сериозни. Лошо се браневме и самите целосно сме виновни за овој пораз“, вели Тухел.
Вирџил ван Дајк започна со лесен тренинг за закрепнување, вест која е охрабрувачка за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, но и за сите навивачи на англискиот шампион. Холандскиот стопер ги скина вкрстените лигаменти на коленото на дербито против Евертон на 17 октомври. Еден ден подоцна, тој објави дека веќе е подготвен план за рехабилитација, а еден месец подоцна веќе започна со мали оптоварувања. Тие имаат за цел да го подготват за претстојната втора, посеопфатна фаза на опоравување. Сè уште е нејасно дали централниот дефанзивец, кој пропушти само еден натпревар во Премиерлигата за Ливерпул откако дојде на почетокот на 2018 година,…
Квалификациските натпревари од групата„Б“ за пласман на Евробаскетот во 2022 година, кои се планирани да се играат во периодот од 28. до 30. ноември, ќе се играат со присуство на публика. Иако здравствените прилики во Европа, но и во целиот свет, се далеку од идеални, во последно време е забележан е пораст на заразени со коронавирусот, организаторот на „балонот“ во Талин, доби дозвола од ФИБА, мечевите да бидат со присуство на гледачи. Секако, со строго контролиран протокол кој вклучува задолжително носење на заштитни маски на сите присутни во салата „Саку Сурхал“ во Талин. Контролирани влегување во објект на комплетно прегледани…
Алф-Инге Халанд, татко на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ја коментираше информацијата за интересот на врвните европски клубови за неговиот син. „Кога играте добро, има смисла тоа што големите клубови тропаат на вашата врата, но во овој случај разговараме за гласини. Сега ниту Ерлинг ниту јас не размислуваме за други тимови. Потпишавме долгорочен договор со Борусија, и ова е неверојатен тим за мојот син. Не сакаме да размислуваме однапред. Не разговараме за потенцијален трансфер. Ерлинг би сакал да освои трофеи со Борусија. Тоа е неговата цел. Тој сè уште може да постигне многу во Германија. Заминувањето на друго место…
Челниците на НБА лигата започнаа истрага поради договорот меѓу Сакраменто и Милвоки, во кој српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше во центарот на вниманието. Претходните денови, сите светски медиуми ја пренесоа веста дека Богдановиќ бил испратен во Милвоки, но бидејќи Богдановиќ е ограничен слободен кошаркар, тој може да преговара со Сакраменто, но и со други тимови, само кога ќе започне преодниот рок. Дотогаш, строго е забрането и, пред сè, казниво екипите да стапат во контакт со играчи. Бидејќи „трансферот бил договорен пред неколку дена, а преодниот рок започнува денеска, во четвртокот се појави информација дека Богдановиќ не сака да оди во…
Порто е подготвен предвреме да ја раскине позајмицата на играчот за врска Фелипе Андерсон и да го врати во Вест Хем. Бразилецот беше доведен на „Драгао“ во октомври со едногодишен договор, но досега не успеа да блесне во составот на „змејовите“, кои сериозно размислуваат предвреме да се откажат од неговите услуги. Во исто време, Порто е близу до враќање на напаѓачот Халк од Шангај СИПГ. Се тврди дека ако тоа се случи, Андерсон сигурно ќе биде вратен назад во Вест Хем.
Украинскиот напаѓач од англиски Вест Хем, Андриј Јармоленко, сака да го раскине договорот со „чеканите“ и да се пресели во турски Фенербахче. Турскиот клуб разговарал со Јармоленко за условите на договорот и деталите за можната зделка во текот на тековната сезона, но играчот не беше задоволен од предлозите на Фенербахче за ова лето да се пресели во Турција. Сега, 31-годишниот напаѓач, по уште еден предлог на турскиот клуб, преговара со Вест Хем за раскинување на договорот, кој трае до 2022 година. Јармоленко стана играч на Вест Хем во јули 2018 година, а во тековната сезона има 2 гола и 3…
21-годишниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао се повреди при настапот за репрезентацијата на Португалија до 21 година и ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Напаѓачот заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот против младинската репрезентација на Холандија, а засега не се знае колку точно ќе биде надвор од терените, иако првичната прогноза е 10-тина дена. Леао се пресели во Милан летото 2019 година од Лил и оваа сезона веќе има 10 средби и по 3 гола и асистенции.
