Author: saso

Голманот Марк-Андре тер Штеген, играчот за врска Филипе Кутињо и капитенот на тимот, Лионел Меси ќе го пропуштат мечот со Ференцварош во 5. Коло од Лигата на шампиони. Одлука ја донел главниот тренер на каталонците, Роналд Куман, кој смета дека на играчите им треба одмор. Натпреварот Ференцварош – Барселона ќе се одигра утре во Будимпешта. Барселона е лидер во групата „Г“со 12 бода и веќе си обезбеди место во нокаут фазата.

Read More

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија се враќа дома, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во „балонот“ во Талин. Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување. И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија. Како причина, се наведува во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската…

Read More

По 15 години пауза Мајк Тајсон рано утринава се врати во рингот. На егзибициски натпревар во Лос Анџелес, 54-годишниот Тајсон и 51-годишниот Рој Џонс боксуваа осум рунди, но на крајот оваа пресметка заврши без победник. Тајсон беше многу мотивиран, влезе експлозивно во секоја рунда, но по околу 20 секунди ја губеше својата сила. Бруталните удари овојпат изостанаа, имаше само кратка размена на удари во петтата рунда, во седмата Џонс успеа да го погоди противникот во носот. Snoop Dogg really described Mike Tyson vs. Roy Jones Jr. as “Two of my uncles fighting at the barbecue.” 😂 pic.twitter.com/XgJuHnQW7r — Mikh (@MHailgh)…

Read More

Кризата во Реал Мадрид продолжи и синоќа во поразот на домашен терен од Алавеш со 2-1. Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, видно загрижен од формата на пресот по мечот изјави: „Немам објаснување. Разменивме и добри и лоши моменти. Кога на почетокот ни дадоа гол, работите се комплицираа за нас. Пред некој ден одигравме добар натпревар во Милано, и ова вечерва … Тоа е реалност, наша реалност. Она што треба да го направиме е да продолжиме да работиме, да ги опоравуваме играчите и да ја менуваме динамиката. Немаме постојаност”, вели Французинот. „Ова е најлошиот почеток на сезоната. Не можевме да ја…

Read More

Наполи вечерва ќе игра со специјален дрес, инспириран од легендарниот дрес на Аргентина од 1986 година, во чест на Диего Марадона. Наполитанците на својата официјална веб-страница објавија дека дресот е специјално изработен од италијанскиот спортски гигант Капа за да му оддадат почит на Диего Марадона, кој почина во средата. „Пред една година, заедно со Капа, помисливме да дизајнираме специјална маица што ќе го отсликува Диего Марадона, неговата сакана Аргентина и блиските односи со луѓето од Неапол. Се надевавме дека Диего може да го види. Договорено е новиот дрес да биде обезбеден за натпреварот против Рома“, напишаа клубот.

Read More

Бројот на повредени фудбалери кај Ливерпул енормно порасна и Јирген Клоп е принуден да се справи со ситуацијата со купување нови фудбалери оваа зима. Според медиумите во Англија, „црвените“ ја подготвиле првата понуда вредна 30 милиони евра за дефанзивецот на Шалке, Озна Кабак. Клоп се надева дека тој ќе ги реши дефанзивните проблемите на тимот до крајот на сезоната. На „црвените“ очајно им треба стабилност во одбраната по повредите на Вирџил Ван Дајк и на Џо Гомез, а 20-годишниот Кабак се чини добра опција за тоа. Проблем е што Шалке најверојатно ќе биде побара поголема сума, а Милан исто така…

Read More

Ракометарите на Вардар 1961 заостанатиот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите против ПСЖ ќе го одиграат на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната. Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар која сега ќе се одигра на 4 декември. Овој…

Read More
NBA

НБА Ол-Стар натпреварот нема да се игра во 2021 година. НБА потврди дека планираниот Ол-Стар викенд во Индијанаполис, кој беше закажан за 12-14 февруари 2021 година, е откажан поради ситуацијата со коронавирусот. Индијана Пејсерс, кои наместо во 2021 година ќе бидат домаќини на Ол-Стар викендот во 2024 година. Следниот натпревар на „ѕвездите“ е закажан за 2022 година и треба да се одржи во Кливленд. Една година подоцна домаќин ќе биде Солт Лејк Сити. Новата сезона во НБА ќе започне на 22 декември.

Read More

Аргентинските медиуми ги објавија резултатите од обдукцијата на телото на Диего Марадона, кој почина вчера на 60-годишна возраст. Според информациите, причини за смртта на легендарниот аргентински фудбалер се акутна срцева слабост и проширена кардиомиопатија. Исто така се зборува за хронична срцева слабост, што доведува до акутен белодробен едем. Јавниот обвинител на Сан Исидоро изјави дека нема знаци на насилна смрт, а последниот кој го видел Диего Марадона жив е неговиот внук.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека поразот од Аталанта на домашен терен со 2:0 во четвртото коло од групата „Д“ од Лигата на шампионите е заслужен. Англичаните не упатија ниту еден прецизен удар кон гостинскиот гол и го претрпеа првиот пораз во групата. „Мора да признаеме дека поразот е заслужен. Ние не ја покажавме нашата најдобра игра на овој натпревар, но мора да станеме и да го сториме тоа следната недела. Имавме некои ситуации, но не и чисти шанси. Тоа може да му се случи на секого. И двата тима не создадоа скоро ништо. Натпреварот беше многу интензивен. Општо,…

Read More