Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е сигурен дека напаѓачот Серхио Агуеро може да се врати на своето најдобро ниво кога целосно ќе се опорави од повредата на коленото. Аргентинецот нема да биде во составот и за пресметката со Фулам денеска. Тоа значи дека 32-годишниот Агуеро ќе игра само на четири од последните 29 натпревари на граѓаните по повредата против Барнли на 22 јуни. „Кога тој е подготвен, тоа ќе биде истиот фудбалер. Секако, годините се различни, а неговата физичка состојба е поинаква, така што ќе му треба малку повеќе време отколку, да речеме, за Фоден или Стерлинг, но јас…
Author: saso
Бордот на ФИБА Европа ја информираше Македонската кошаркарска федерација дека вториот квалификациски турнир од „Б“ групата за пласман на Евробаскетот 2022 година ќе се игра во Перм. Улога на домаќин да биде на Руската кошаркарска федерација. Според одлуката на Бордот на ФИБА Европа, натпреварите ќе се одржат во периодот од 19. до 21. февруари, 2021 година, во Арената „Молотов“ во Перм. Согласно со првичниот календар за натпреварување во групата „Б“, на 19. февруари треба да се играат натпреварите Македонија-Русија, односно Италија-Естонија. На 21. февруари пак се закажани мечевите Македонија–Италија, односно Русија-Естонија.
Екипата на Вашингтон Стејт има навистина успешен старт во натпреварите од новото издание на НЦАА лигата. Тимот за кој од оваа сезона настапува и нашиот млад репрезентативец, Андреј Јакимовски, ја забележа и третата по ред, победа во шампионатот. Уште еднаш, со голем пресврт, направен во второто полувреме, а со кој „Кугарс“ го совлада Орегон Стејт со резултат (59:55). На оваа средба во Орегон, Јакимовски доби само десет минути во кои реализираше само еден скок.
Вечерва и официјално започнува Европското првенство во ракомет за жени. Данците ќе бидат единствените организатори на настанот, откако нивните соседи од Норвешка се откажаа во последен момент. Олимпискиот шампион Русија и светскиот првак Холандија влегуваат со сериозни амбиции, но најсилни шанси се проценува дека има силната Норвешка. Франција, Шпанија и Данска се исто така меѓу фаворитите. Денеска на отворањето на турнирот ќе видиме дерби меѓу Русија и Шпанија, но интересни ќе бидат и преостанатите три меча на програмата. ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: 18.00 Романија – Германија 18.15 Русија – Шпанија 20.30 Норвешка – Полска 20.30 Шведска – Чешка
Поради двајца позитивни на Ковид-19, Металург повторно, по вторпат сезонава, ќе оди во двонеделен карантин. Најновите тестирања покажаа дека корона кризата во еден од најдобрите македонски ракометни состави ќе продолжи најмалку уште две недели, а со тоа ќе мора да бидат одложени планираните натпревари. Металург нема да патува за Русија, во Чехов, каде требаше против Чеховски Медведи да го одиграат двомечот од ЕХФ Европската лига. Дуелите требаше да се играат на 8 и 11 декември, но тоа нема да се случи зошто следува карантин до 16 декември.
32-годишната ѕвезда на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук, ќе ја продолжи кариерата во Вашингтон Визардс. Како што потврдија извори од лигата, размената е договорена, а во спротивна насока од Вашингтон во Хјустон се сели 30-годишниот Џон Вол. Исто така, Хјустон ќе добие право на избор во првиот круг на НБА драфтот во 2023 година. Вол не одигра меч од 26 декември 2018 година поради повреда на петицата и скината Ахилова тетива. Триесетгодишниот поентер треба да добие 132,9 милиони долари во следните три сезони. Во однос на годишната плата, Вол е четврти најплатен играч во НБА, зад Стивен Кари, Крис Пол и…
УЕФА планира во иднина Лигата на шампионите да се трансформира во турнир во кој сите екипи во главната фаза ќе бидат во иста група. Нивниот број во главната фаза или ќе остане 32 или ќе се зголеми на 36. Секој тим ќе одигра 10 натпревари пред нокаут-фазата, а интересно е што ривалите ќе бидат одредувани по пат на ждрепка по случаен избор. Наместо досегашниот систем „дома-гости“, секој тим ќе игра по пет меча дома и во гости, но против различни екипи. Принципот на избор против кого ќе играат дома, а на кого ќе му гостуваат исто ќе биде по случаен…
Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, се повреди на последниот тренинг на германскиот тим. Тој синоќа не се појави на мечот од Лигата на шампионите против Лацио, по што стигна клупска потврда дека повредата е сериозна и тој ќе мора да паузаира на подолг рок. Германски „Билд“ потврди дека Норвежанецот се пожалил на повреда и претпоставките се дека станува збор за скинат мускул, што би значело пауза од 4 до 6 недели. Сепак, последниот збор ќе го имаат лекарите, по специјалистичките прегледи кои треба да бидат направени.
Со извонредната партија и четирите гола на синоќешниот меч со Севиља во 5. Коло од Лигата на шамионите, францускиот напаѓач Оливие Жиру се запиша во историјата на најсилното клупско натпреварување. УЕФА потврди дека Жиру стана најстариот играч, кој успеа да реализира „покер-голови“ во Лигата на шампионите. Тоа го стори на 34-годишна возраст. Челзи со синоќешната победа и 13-те бода на пет натпревари си го обезбеди првото место во групата.
Њукасл ја затвори својата тренинг база откако спроведе тестови за коронавирус меѓу играчите и вработените во клубот. Целиот тим на „црно-белите“ се изолира уште вчера и во изолација ќе остане до четврток. Следниот натпревар на „страчките“ е против Астон Вила во петок. Досега Њукасл и Премиерлигата официјално не ја коментираа ситуацијата, а досега нема одложен натпревар од Премиер лигата поради многу болни играчи.
