На Славен Билиќ му претстои нова борба за да ја задржи работата како шеф на Вест Бромвич Албион пред саботниот клучен дуел против Њукасл. ВБА во моментов е на 19-та позиција во Премиерлигата, победувајќи на само еден од 11-те натпревари од враќањето во елитата. Улогата на Билиќ како главен тренер одамна е сè понеизвесна, бидејќи тој го подготвува својот тим за клучното гостување во Ст. Џејмс Парк, каде што ќе биде одлучено дали Хрватот ќе си ја задржи работата. Извори од клубот тврдат дека поразот против тимот на Стив Брус викендов ќе му пресуди на Хрватот кој веќе со недели…
Author: saso
Дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт, е една од опциите за Манчестер Ј. за засилување на позицијата централен бек во зимскиот преоден рок. Според „Манчестер Ивнинг Стандард“, Јунајтед го следи Вајт подолго време и во него гледа добра инвестиција, доколку не успеат да ги договорат Упамекано од Лајпциг и Рафаел Варан од Реал Мадрид. 23-годишниот Вајт ја игра својата прва сезона во Премиер лигата со Брајтон, откако претходно импресионираше на позајмицата во Лидс Јунајтед и освои многу пофалби за минатогодишниот настап во Чемпионшип лигата. Тој стана познат по својата способност да игра надвор од последниот дел во одбраната и исто така…
Гласините околу можното заминување на најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден не застануваат. Во САД од неодамна се шпекулира дека две екипи на Источната конференција, Милвоки Бакс и Мајами Хит, се натпреваруваат за кошаркарот. Порталот „Есенцијал Спортс“ забележува дека тимот од Висконсин кој стои има предност во трката со Мајами може да му понуди на Хјустон еден од лидерите на тимот Крис Мидлтон во замена за Харден, а згора на тоа да ги додаде и надежниот Донте Девинченцо, како и Д.J. Вилсон. Што се однесува до Мајами, се зборува дека тие за Харден можат да ги понудат Тајлер Хиро и…
Апелацискиот суд во Милано ја потврди казната од девет години затвор за бразилскиот фудбалер Робсон де Соуза Робињо за учество во групно силување на млада жена во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Робињо, поранешен играч на Реал Мадрид и Манчестер Сити, таа сезона играше за Милан и учествувал во силување на една Албанка која го прославувала својот 23-ти роденден на добро познато место во Милано. Сантос, кој на почетокот на октомври најави враќање на 36-годишниот бразилски напаѓач, го раскина договорот кратко по притисокот што произлезе од пресудата за сексуално насилство што тој ја доби во Италија.
ПСЖ е подготвен да достави понуда за позајмица за Деле Али од Тотенхем. Фудбалерот е во немилост на Мурињо и сигурно нема да биде негов прв избор до крајот на сезоната. Тотенхем е подготвен да го пушти играчот од средниот ред да си замине, па ПСЖ тука ја гледа шансата да добие позајмица со опција за откуп на договорот. Францускиот шампион не успеа да го позајми Али во текот на летото, кога Спарс одбија да го испратат на годишна позајмица, но сега ПСЖ е во предност затоа што Али не е прв избор на Мурињо.
Екипата на Манчестер Јунајтед може да се најде во многу деликатна ситуација ова лето околу продажбата на Пол Погба. Се поизвесно е дека најголемите интересенти за потписот на Французинот, Јувентус и Реал Мадрид не сакаат да ја платат цената која „ѓаволите“ ја поставија за Французинот, а тоа може да биде голем проблем за неговата иднина на „Олд Трафорд“. Јунајтед е решен да не прифати понуда за него помала од 89 милиони фунти. Единствената алтернатива би била доколку „црвените ѓаволи“ се согласат на директна размена. Јунајтед се поврзува со Пауло Дибала од Јуве и Иско и Лукас Васкез од Реал Мадрид.…
Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед доколку тимот одлучи да го отпушти Оле Гунар Солсјаер. Притисокот врз Норвежанецот е посериозен од кога и да е, бидејќи „црвените ѓаволи“ испаднаа од групната фаза од Лигата на шампионите. Покетино е без работа нешто повеќе од една година откако беше заменет со Жозе Мурињо во тимот на Тотенхем. Според британски извори, Аргентинецот „дефинитивно би ја прифатил работата“ доколку му биде понудена, дури и без учество во Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ се согласил да го потпише максималниот договор со клубот од Калифорнија. Покрај веќе загарантираните 35,4 милиони долари за следната сезона, кошаркарот ќе добие уште 190 милиони долари до 2025 година. Пред сезоната 2024/2025, Џорџ ќе има опција за неговиот договор. Тој е еден од најдобрите кошаркари во сегашната генерација на НБА, а кај Клиперси дојде минатото лето од Оклахома.
Попладнево во Доха со почеток во 18 часот ќе се одржи ждрепката за одредување на квалификациските групи за пласман за СП во Катар 2022. Македонија, која ќе биде учесник на ЕВРО 2021, се најде во четвртиот шешир и ќе има, според рејтингот, три поквалитетни селекции од себе во овие квалификации. Заедно со нас во четвртиот шешир се и селекциите против кои нема сигурно да играме во овие квалификации, а тоа се репрезентациите на БиХ, Словенија, Ц. Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург. Денеска со ждрепка ќе бидат пополнети 10 групи, пет со по шест и пет групи со…
Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира, оваа зима ќе биде испратен во англиската Чемпионшип лига. Според италијанските медиуми, Ватфорд, Норич и Бурнмут се заинтересирани за услугите на фудбалерот, кој ни онака не добива место во тимот на Пирло. Кедира и смаиот истакна дека сака да замине во Англија, но како член на англиски премиерлигаш. Беше објавено дека главниот тренер на Евертон, Карло Анчелоти сака да го види Германецот во редовите на „карамелите“, но по се изгледа интересот за него во моменов е опаднат.
