Author: saso

Играчот за врска на екипата на Милан, Хакан Чалалханоглу најверојатно ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот клуб. Според Тутоспорт, турскиот фудбалер ќе потпише нов договор со „росонерите“ во следните денови. Милан успеал да најде заеднички јазик со агентот на турскиот репрезентативец, особено кога станува збор за неговата плата. Исто така беше објавено дека Атлетико и Јувентус остануваат заинтересирани за услугите на Чалханоглу, но малку веројатно е дека може да дојде до некој поголем пресврт во преговорите.

Read More

Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на БиХ, Миралем Пјаниќ е најдобар спортист на Босна и Херцеговина во 2020 година. Изборот традиционално веќе 20 години го прават „Независне новине“ и Националната телевизија на БиХ, а церемонијата, со поддршка на Олимпискиот комитет на БиХ, се одржа во зградата на државната телевизија во Сараево без присуство на гледачи. Пјаниќ за прв пат беше избран за најдобар спортист на својата земја, откако на крајот на годината со Јувентус ја освои четвртата титула во Италија, а потоа направи трансфер во Барселона.

Read More

Од страна на РК Еурофарм Пелистер излегоа со информација дека на 21 декември започнуваат со натпревари во регионалната СЕХА Гаспром лига за сезоната 2020/21. По дефинираните термини на првите два натпревари, Еурофарм Пелистер следниот понеделник, на 21 декември во 17:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречека српскиот претставник Металопластика. Дуелот меѓу македонскиот тим и поранешниот европски првак е почеток на групната фаза и единствен натпревар на клубот кој ќе се одигра до крајот на 2020 година. Претходно на 17 декември е планирано одигрувањето на првата средба од новата сезона меѓу Нексе и Војводина која ќе се игра…

Read More

Извршниот директор на Арсенал, Винај Венкатешам, го поддржа клупскиот менаџер Микел Артета и покрај слабите настапи во текот на сезоната. „Топчиите“ се наоѓаат на 15. место во Премиер лигата откако досега загубија седум првенствени натпревари. „Имаме многу работа со Микел. Како прво, тој има индивидуалност со незаменливо искуство во Англија стекнато со години во Манчестер Сити, Арсенал, Евертон и повторно во Арсенал. Имаме човек кој го сака овој клуб и разбира што значи сето тоа. Тој беше капитен тука, имаме човек кој е и вистински тимски играч, неговиот тим е навистина добар, предводен од техничкиот директор Еду. Микел носи успех…

Read More

Кристијан Ериксен ќе го напушти Интер во јануари, а опциите за потенцијална размена се, ПСЖ, Баерн Минхен или Арсенал. Играчот од средниот ред не е дел од плановите на Антонио Конте и никогаш не бил, но неговата неможност да се вклопи во тактиката на тренерот стана очигледна во последните неколку недели. Според весникот Тутоспорт, апсолутно нема шанси Данецот да остане во Интер и по јануари. Постојат неколку опции, од продажба за најмалку 30 милиони евра до договор за заем или дури и примамлива размена со друг играч.

Read More

Реал Мадрид е заинтересиран да го врати 23-годишниот репрезентативец Серхио Регулон, кој беше продаден во Тотенхем во последниот преоден рок. Според извори од клубот, продажбата на Регулон била грешка, особено што 33-годишниот Марсело игра очајно. 23-годишниот дефанзивец се пресели во Англија во септември оваа година за 30 милиони евра. Во исто време, договорот вклучуваше опција за ре-откуп за 45 милиони евра, што челниците на Реал Мадрид ќе се обидат да ја искористат.

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола пред големото дерби со Манчестер Јунајтед изјави дека и за двата тима тоа ќе биде исклучително тежок меч. „Секако, натпреварот ќе биде тежок, како и со сите поголеми тимови. Манчестер Јунајтед има неверојатни играчи. Ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра, да го контролираме противникот и да казниме. Манчестер Јунајтед знае дека одиме на Олд Трафорд за да победиме. Знаеме за нивниот квалитет и не можеме да го негираме тоа. Ривалот има исклучителен состав, тоа е познат факт, но ние сме подготвени за тоа“, рече Гвардиола.

Read More

Екипата на Арсенал ја чека одлуката на ѕвездата на РБ Салцбург, Доминик Собослаи, дали сака да им се приклучи во јануари. „Топчиите“ се заинтересирани за офанзивниот играч за врска веќе подолго време и се верува дека ќе се обидат да го донесат во јануари, но ќе се соочат со сериозна конкуренција од РБ Лајпциг, Баерн Минхен и Реал Мадрид. Според информациите, 20-годишниот Собослаи мора да одлучи каде ќе замине во јануари до 15 декември, во спротивно ќе остане во Салцбург до крајот на сезоната. Унгарскиот репрезентативец има откупна клаузула вредна 23 милиони фунти.

Read More
NBA

НБА лигата може да стане првата професионална спортска лига во САД која ќе ги вакцинира кошаркарите со новата вакцина за Ковид-19. Комесарот на НБА, Адам Силвер и неговиот персонал одржале пошироки разговори со тимовите, играчите и агентите за развојна политика за новата реалност со појавата на вакцината. Според серијата дискусии со раководните лица на лигата, тимските лекари и агенти, лигата се фокусира на некои области кои се сметаат за клучни, како што е потребата да се создаде едукативна програма за играчите и персоналот. Програмата ќе се фокусира на објавување на опциите за вакцинација, нивната ефикасност и потенцијални несакани ефекти. Едукацијата…

Read More

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 19 години, Шкумбин Арслани следната седмица ќе организираат заеднички тренинг камп во Охрид за фудбалери од двете генерации. Во периодот од 17. до 22. декември на тренинг кампот ќе бидат вклучени околу педесетина фудбалери кои меѓусебно ќе одиграат и два контролни натпревари. Милевски и Арслани во понеделник ќе ги објават имињата на фудбалерите кои ќе бидат дел од кампот во Охрид. Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски вели дека на претстојниот тренинг камп ќе бидат вклучени фудбалери пред сѐ од домашниот шампионат, но…

Read More