НБА лигата може да стане првата професионална спортска лига во САД која ќе ги вакцинира кошаркарите со новата вакцина за Ковид-19. Комесарот на НБА, Адам Силвер и неговиот персонал одржале пошироки разговори со тимовите, играчите и агентите за развојна политика за новата реалност со појавата на вакцината.
Според серијата дискусии со раководните лица на лигата, тимските лекари и агенти, лигата се фокусира на некои области кои се сметаат за клучни, како што е потребата да се создаде едукативна програма за играчите и персоналот. Програмата ќе се фокусира на објавување на опциите за вакцинација, нивната ефикасност и потенцијални несакани ефекти. Едукацијата на играчите за мерките преземени за спречување на вирусот во меурот Орландо беше ефикасна во унапредувањето на соработката меѓу сите страни.

