Author: saso

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти навести дека клубот може да го купи играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира во зимскиот преоден рок. Светскиот шампион со Германија е непожелен во Торино и веќе две лета „Старата Дама“ се обидува да го раскине договорот со него. „Сами играше за мојот Реал и играше важна улога на теренот. Имам одлични спомени од него, можеби ќе го контактираме во јануари“, изјави Анчелоти. Оваа сезона Кедира не заигра за Јувентус. Неговиот договор со клубот е до летото 2021 година.

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, младиот 16-годишен Јусеф Мукоко продолжува да испишува историја во Бундеслигата. Со својот гол во поразот од Унион Берлин од 2:1 синоќа, тинејџерот стана најмладиот стрелец во германската елита. Мукоко го подобри рекордот на играчот за врска на Леверкузен, Флоријан Вирц од 6 јуни 2020 година. Мукоко го имаше своето деби во Бундеслигата на 16 години и 1 ден, што исто така е рекорд.

Read More

Златан Ибрахимовиќ се повреди на мечот со Наполи во ноември, и иако се навестуваше дека ќе се врати на тренинзите во скоро време, според последните вести од Италија тој е можно е да отсуствува од терените дури еден месец. Целта беше Ибрахимовиќ да се врати викендов на натпреварот против Сасуоло. Тој беше на тренинг, но повредата се покажала како многу посериозна. Во Милано се вели дека тој има нов проблем со листот на мускулот. Тоа значи деа за таков вид на повреда е потребна пауза од најмалку еден месец. Ова значи дека тој нема да игра против Сасуоло, Лацио, Беневенто…

Read More

Иако беше одреден нов термин за одигрување на одложениот натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед, истиот е одложен. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин во координација со двете екипи, веројатно по завршување на СП во Египет, следната година, објавија од Вардар. Планирано беше натпреварот со ПИК Сегед да се одигра на 22 декември во 20.45 часот. Вардар се уште има позитивни случаи на Ковид-19 и се уште не е во комплетен тренажен процес, па поради тоа беше побарано одложување на натпреварот.

Read More

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 19 години, Шкумбин Арслани денеска ги објавија фудбалерите на кои ќе сметаат за заедничкиот тренинг камп во Охрид за фудбалери од двете генерации. Селекциите до 19 и 21 година меѓусебно ќе одиграат два контролни натпревари. Првиот е закажан на 21. декември на стадионот „Билјанини Извори“ од 11:00 часот. Во истиот термин на 23. декември ќе се одигра вториот тест натпревар. И двајцата селектори имаат поширок список на избраници кои треба да се наметнат во репрезентациите во следните квалификациски циклуси. Шкумбин Арслани за петдневниот тренинг камп ќе…

Read More

Здружението на тениски професионалци АТП денеска го објави натпреварувачкиот календар за 2021 година. АТП го потврди одложувањето на стартот на Австралија опен, кој оваа година ќе почне во две различни земји. Имено, квалификациите за пласман на главниот турнир ќе се играат од 10 до 13 јануари во Доха, додека првиот Грен слем во сезоната е одложен и ќе се одржи од 8 до 21 февруари. Новата тениска сезона започнува со турнирите во Делреј Бич и Анталија, кои се на програмата од 5 до 13 јануари.

Read More

Манчестер Јунајтед нема намера да купува нови играчи за време на зимскиот преоден рок. Од друга страна, се очекува да бидат донесени нови играчи на четири позиции, но во текот на летото. „Манчестер Ивнинг Стандард“ пишува дека голема цел на менаџерот Оле Гунар Солскјер и Ед Вудвард е да имаат по двајца квалитетни играчи на секоја позиција за почетокот на следната сезона. Според информациите, трансфер во јануари може да се случи само доколку се случи некој од фудбалерите за кои Јунајтед се интересира да ги донесе на лето, овој јануари да се продава по разумна цена, што е малку веројатно.

Read More

Езџан Алиоски синоќа на мечот против Њукасл го постигна својот прв гол во Премиерлигата. Алисоки беше стрелец на еден од петте гола со кои неговиот тим славеше со убедливи 5:2 против екипата на Њукасл. Статистиката вели дека Алиоски стана првиот македонски фудбалер по цели 22 години кој успева да погоди на меч во англиската фудбалска елита. Последен пат тоа му успеа на Ѓорѓи Христов како фудбалер на Барнсли на 4 април 1998 година. Интересно е што Христов исто така беше стрелец на „Иланд Роуд“, но тогаш на меч против Лидс.

Read More

Менаџерите на Ливерпул и Тотенхем, Јирген Клоп и Жозе Мурињо ги пофалија своите тимови по дербито на 13. коло во Премиер лигата, кое „црвените“ го добија со 2:1 Иако „мамузите“ беа инфериорни во поседот на топката и по бројот на креирани шанси, „Специјалниот“ по мечот рече дека неговиот тим бил подобар на теренот. „По натпреварот му реков на Јирген Клоп дека подобриот тим загуби денес. Тој не се согласи, но тоа е неговото мислење. Сакам да истакнам дека ако се однесувам како него, веројатно судиите ќе ме избркаат. Овој став е пристрасен. Поради некоја причина, правилата се различни за мене“,…

Read More

Синоќешната победа на Барселона од 2:1 над Реал Сосиедад се покажа како посебна за капитенот на каталонците, Лионел Меси. Аргентинецот ја забележа победата бр. 300 на стадионот „Ноу Камп“, а за бројка му беа потребни само 368 натпревари. 210 од овие победи се во Ла Лига, 53 во Лигата на шампионите, 30 за Купот на Шпанија и 6 за Суперкупот на Шпанија. Во уште 48 меча, Лео не загубил на стадионот на каталонците, откако мечевите завршиле нерешено.

Read More