Author: saso

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, попладнево на домашен терен го пречекуваат тимот на Металопластика на стартот на новата сезона во регионалната СЕХА лига. Битолчани новата сеозна од ова натпреварување ја почнуваат со квалитетен ривал за кој тренерот Бабиќ, смета дека годинава има навистина голем потенцијал. „Потребни ни се натпревари за да можеме да останеме во добар ритам и затоа сите навистина се радуваме на почетокот на СЕХА Газпром лигата. Можам да кажам дека со нетрпение го очекувам мечот со Металопластика предводен од поранешниот селектор на српската репрезентација Веселин Вуковиќ. Се уште ги паметам оние иконски натпревари од неговата генерација кои се…

Read More
NBA

Центарот на Јута Џез, Руди Гобер потпиша петгодишен договор со клубот за сума од 205 милиони долари, објави ЕСПН. Ова е најголемиот договор за центар во историјата на НБА лигата. Гобер, 28, имал право на супермаксимално продолжување од 228 милиони долари, но францускиот кошаркар не побарал толку голема сума, бидејќи сака да остави простор за Џез да можат да донесат уште некое засилување во иднина. Договорот на Гобер е трет по големина во историјата на НБА по договорот од 206,8 милиони долари на Адетокунбо и Расел Вестбрук со Оклахома Сити Тандер во 2017 година.

Read More

Раководството на НХЛ лигата и Асоцијацијата на играчи го договорија форматот за претстојната сезона 2020/21. Истата ќе започне на 13 јануари во скратена верзија од 56 натпревари, наместо вообичаените 82, и ќе заврши на 8 мај. Тренинг камповите ќе започнат на 3 јануари и нема да има контролни натпревари. Првичната идеја беше клубовите да организираат натпревари во сопствените сали без публика или со ограничен број на гледачи, но ова може да се промени во зависност од развојот на пандемијата во САД. Традиционално, 16 екипи ќе учествуваат во плејофот, а елиминациите ќе се одвиваат во четири круга со формат до четири…

Read More

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 300-та недела од владеењето на врвот на АТП-листата, со што влезе во историјата на светскиот тенис, како само втор тенисер кому ова му успеало во кариерата. На крајот на есента, Ноле го обезбеди првото место на АТП до март следната година, кога треба да го престигне Роџер Федерер по бројот на недели поминати на чело на најдобрите светски тенисери. Швајцарецот се уште е сопственик на рекордот по бројот на недели поминати на врвот – вкупно 310.

Read More

Луис Хамилтон беше прогласен за „Спортист на годината на Велика Британија“ во изборот на ББЦ. Пилотот на Мерцедес по седми пат стана шампион во Формула 1 и го израмни рекордот на германската легенда Михаел Шумахер. 35-годишниот Хамилтон го победи во традиционалниот годишен избор на ББЦ капитенот на Ливерпул и англиски фудбалски репрезентативец Џордан Хендерсон кој беше втор. Ова за него е втора ваква награда, откако првата ја доби во 2014 година.

Read More

Ерлинг Халанд вчера беше прогласен за „Фудбалер на годината“ на Норвешка. Гол-машината на „милионерите“ за првпат ја добива оваа престижната награда во својата земја. Годината беше неверојатна за 20-годишниот Халанд, кој предизвика реакции со настапот во тимот на Салцбург, а потоа ја засили Борусија Дортмунд и продолжи со брилијантни перформанси. На 23 меча, Халанд има исто толку голови за германскиот тим.

Read More

Македонската кошарка загуби уште едно големо име. Денеска на 58-годишна возраст почина Марјан Лазовски, искусен кошаркарски стратег кој беше селектор и на машката и на женската репрезентација. Лазовски ја загуби битката со коронавирусот, во изминатиот период беше сместен во клиниката во Скопје, каде за жал лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Лазовски тренерската кариера ја почна на клупата на Вардар, долги години беше и асистент во македонската репрезентација, каде во 2012 година доби шанса и како селектор. На клупски план ги водеше и МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички, а последниот ангажман го имаше како селектор…

Read More

Сезоната во НХЛ лигата треба да започне на 13 јануари, а таа ќе биде нешто пократка поради доцнењето и крајот на претходната сезона 2019/20. Екипите ќе играат по 56 натпревари. Националната хокеарска лига и играчите имаат прелиминарен договор и следната сезона во НХЛ ќе започне на 13 јануари, при што секој тим ќе игра 56 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната. Единственото нешто што сè уште чека е одобрување од управата на секоја франшиза, како и одобрување од канадски здравствени власти. Комесарот на НХЛ лигата, Бил Дели исто така рече дека Лигата и играчите се договориле во петокот…

Read More

Според американските новинари, Хјустон не размислуваат само за Филаделфија и Бруклин кога станува збор за трејд на Џејмс Харден. Харден изрази желба да се пресели во тие франшизи, но „ракетите“ ги разгледуваат опциите и за други тимови. Договорот на Харден истекува за две години и тој ќе стане слободен играч, но за екипите кои сакаат да го доведат, тоа не е проблем ниту во овој момент. Што се однесува до Сиксерс и Нетс, тие франшизи ќе имаат потешкотии да се договорат со Хјустон за Харден, па „ракетите“ ќе мора да бараат дестинација на друго место. „Ракетите“, наводно, сакаат млади играчи…

Read More
NBA

Портпаролот на НБА лигата, потвреди дека Јута Џез ќе има нов сопственик во групата предводена од основачот на „Квалтрикс“, Рајан Смит. Управниот одбор на кошаркарската лига на САД и Канада веќе официјално го одобри договорот. „Рајан Смит е прогресивен претприемач кој е насочен кон заедницата и лидер во бизнисот, кој ќе биде фантастичен додаток за нашата лига“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер во изјавата. „Исклучително сме им благодарни на Гејл Милер, Грег Милер и семејството Милер за нивната 35-годишна исклучителна работа, и од името на НБА им благодариме што секогаш покажаа првокласен менаџмент“, додаде Силвер во знак на благодарност…

Read More