Центарот на Јута Џез, Руди Гобер потпиша петгодишен договор со клубот за сума од 205 милиони долари, објави ЕСПН. Ова е најголемиот договор за центар во историјата на НБА лигата.
Гобер, 28, имал право на супермаксимално продолжување од 228 милиони долари, но францускиот кошаркар не побарал толку голема сума, бидејќи сака да остави простор за Џез да можат да донесат уште некое засилување во иднина.
Договорот на Гобер е трет по големина во историјата на НБА по договорот од 206,8 милиони долари на Адетокунбо и Расел Вестбрук со Оклахома Сити Тандер во 2017 година.