Портпаролот на НБА лигата, потвреди дека Јута Џез ќе има нов сопственик во групата предводена од основачот на „Квалтрикс“, Рајан Смит. Управниот одбор на кошаркарската лига на САД и Канада веќе официјално го одобри договорот.
„Рајан Смит е прогресивен претприемач кој е насочен кон заедницата и лидер во бизнисот, кој ќе биде фантастичен додаток за нашата лига“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер во изјавата.
„Исклучително сме им благодарни на Гејл Милер, Грег Милер и семејството Милер за нивната 35-годишна исклучителна работа, и од името на НБА им благодариме што секогаш покажаа првокласен менаџмент“, додаде Силвер во знак на благодарност до старото раководство на Јута.

