Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 300-та недела од владеењето на врвот на АТП-листата, со што влезе во историјата на светскиот тенис, како само втор тенисер кому ова му успеало во кариерата.
На крајот на есента, Ноле го обезбеди првото место на АТП до март следната година, кога треба да го престигне Роџер Федерер по бројот на недели поминати на чело на најдобрите светски тенисери.
Швајцарецот се уште е сопственик на рекордот по бројот на недели поминати на врвот – вкупно 310.

