Author: saso

NBA

Порази за Милвоки и Филаделфија, нова победа на ЛА Лејкерс. На Истокот синоќа фаворитите имаа тешка вечер и претрпеа убедливи порази. Милвоки загубија со 20 поени разлика на гостувањето кај Њујорк со 130:110, додека Филаделфија беше поразен аод Кливленд со 118:94. Рандал беше најдобар стрелец кај Њујорк во победата над Бакс со 29 поени, а ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо заврши со дабл-дабл од 27 поени и 13 скока. Шампионската серија на ЛА Лејкерс продолжи и синоќа на дуелот со Минесота. „Езерџиите“ славеа со убедливи 127:91 во меч во кој Кајл Кузма со 20 поени беше најефикасен, а го следеше…

Read More

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси во интервју за „Ла Секста“ призна дека би сакал еден ден да се пресели во некој од американските фудбалски клубови. „Би сакал некогаш да играм во шампионатот на САД. Тоа отсекогаш бил мој сон. Но, не знам дали ќе се случи тоа“, потенцирал Меси. Минатото лесто се шпекулираше дека сопствениците на Манчестер Сити подготвуваат предлог за Меси. Според планот, Меси треба да добие договор за 10 години според кој Аргентинецот ќе помине неколку сезони во Манчестер Сити, а потоа ќе може да се приклучи на еден од осумте клуба во сопственост на холдингот меѓу кои…

Read More

Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан би можел да се врати во Каљари во текот на зимскиот преоден рок, објавија италијански медиуми. Каљари активно работи на идејата за трансфер на 32-годишниот играч. Наинголан играше за Каљари од 2010 до 2014 година, а неговиот договор со Интер е до јуни 2022 година. Оваа сезона Белгиецот настапи на само 4 натпревари на Интер, во кои влезе како резерва.

Read More

Откако еден српски таблоид објави дека ФФМ преговара со Роберт Просинечки за нов селектор на националниот тим, бура од реакции во медиумите. Веста секако вњеднаш беше демантирана од првиот човек федерацијата Муамет Сејдини. Тој вели дека информациите за кое било име за нов селектор се неточни. „Потврдуваме дека не сме преговарале со ниту еден стручњак и нема да преговараме, додека не го сослушаме Игор Ангеловски и неговите барања. Неговиот договор истекува за неколку дена и наскоро ќе знаеме дали ќе постигнеме нов договор или не. Само во случај да не се договориме, ќе разговараме со опции за нов селектор“, изјавил…

Read More

Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров доби ново признание во кариерата и е изгласан за најдобар десен бек на деценијата во изборот на интернет-страницата „Хендбол планет“. Во анкетата Лазаров освои 67% од вкупните гласови во борбата за десната бековска позиција. За најдобар ракометар во последната декада избран е францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ.

Read More

Маурисио Покетино поставил услов за раководството на францускиот шампион ПСЖ за да ја официјализираат соработката. Тој побарал клубот да го донесе Лионел Меси од Барселона во францускиот шампион. Според „Ле Паризиен“ аргентинскиот стратег не е подготвен да ја преземе функцијата доколку се исполнети неговите услови. Сепак, ваквиот трансфер не изгледа целосно невозможен, бидејќи sвездата на Барселона минатото лето јавно посака да ги напушти Каталонците.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не гледа причина зошрто Мохамед Салах да сака да го напушти шампионот во Премиер лигата, но додаде дека нема да го задржи спротивно на неговата волја. Египќанецот неодамна за шпанскиот весник „АС“ изјави дека им се восхитува на Реал Мадрид и Барселона, што ги зголеми пишувањата во британските медиуми дека сака да ги напушти „црвените“. „Мислам дека единствената причина да сака да си оди од Ливерпул во моментов е времето. Која друга причина може да ја има?”, рече Клоп на прес-конференцијата вчера. „Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот, плаќаме многу пари, имаме одличен…

Read More

Напаѓачот на Сао Паоло, Бренер Соуса да Силва може да ја продолжи кариерата во Јувентус. Како што се наведува, 20-годишниот бразилски напаѓач се најде во потесниот избор на италијански шампион. Вредноста на младиот фудбалер е проценета на само 1,3 милиони евра. Тој дебитираше за Сао Паоло во 2017 година и договорот со клубот му истекува во 2022 година.

Read More

Шпанецот Рафаел Бенитез се најде на списокот на кандидати за функцијата главен тренер на руски Спартак (Москва). Доменико Тедеско објави дека нема да го продолжи договорот со клубот, кој истекува на крајот на сезоната. Во петокот Спартак објави дека германскиот специјалист ќе го заврши договорот. Според дел од медиумите, Португалецот Леонардо Жардим, кој последен пат го предводеше Монако, е исто така кандидат за функцијата главен тренер на Спартак.

Read More

ПСЖ му врачи отказ на Томас Тухел, потврдија француски извори од редовите на шампионот. Според изворот, францускиот клуб одлучил да се раздели со германскиот стратег шест месеци пред истекот на неговиот договор. Управата го известила Тухел за отказот вчеравечер, по убедливата победа на мечот од 17-то коло во Лига 1 против Стразбур (4:0). Претходно беше објавено дека ПСЖ нема да го продолжи договорот со Тухел, но се очекуваше тренерот да работи во клубот до крајот на сезоната. Тухел го презеде ПСЖ во 2018 година. Под негово водство, Парижаните станаа шампиони на Франција двапати, а исто така ги освоија Купот, Лига…

Read More