Ѕвездата на Барселона Лионел Меси во интервју за „Ла Секста“ призна дека би сакал еден ден да се пресели во некој од американските фудбалски клубови.
„Би сакал некогаш да играм во шампионатот на САД. Тоа отсекогаш бил мој сон. Но, не знам дали ќе се случи тоа“, потенцирал Меси.
Минатото лесто се шпекулираше дека сопствениците на Манчестер Сити подготвуваат предлог за Меси. Според планот, Меси треба да добие договор за 10 години според кој Аргентинецот ќе помине неколку сезони во Манчестер Сити, а потоа ќе може да се приклучи на еден од осумте клуба во сопственост на холдингот меѓу кои и американскиот Њујорк Сити.
Договорот на Меси со Барселона истекува во летото 2021 година.

