Откако еден српски таблоид објави дека ФФМ преговара со Роберт Просинечки за нов селектор на националниот тим, бура од реакции во медиумите. Веста секако вњеднаш беше демантирана од првиот човек федерацијата Муамет Сејдини.
Тој вели дека информациите за кое било име за нов селектор се неточни.
„Потврдуваме дека не сме преговарале со ниту еден стручњак и нема да преговараме, додека не го сослушаме Игор Ангеловски и неговите барања. Неговиот договор истекува за неколку дена и наскоро ќе знаеме дали ќе постигнеме нов договор или не. Само во случај да не се договориме, ќе разговараме со опции за нов селектор“, изјавил Сејдини.

