Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров доби ново признание во кариерата и е изгласан за најдобар десен бек на деценијата во изборот на интернет-страницата „Хендбол планет“.
Во анкетата Лазаров освои 67% од вкупните гласови во борбата за десната бековска позиција. За најдобар ракометар во последната декада избран е францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ.
