ПСЖ му врачи отказ на Томас Тухел, потврдија француски извори од редовите на шампионот.
Според изворот, францускиот клуб одлучил да се раздели со германскиот стратег шест месеци пред истекот на неговиот договор. Управата го известила Тухел за отказот вчеравечер, по убедливата победа на мечот од 17-то коло во Лига 1 против Стразбур (4:0).
Претходно беше објавено дека ПСЖ нема да го продолжи договорот со Тухел, но се очекуваше тренерот да работи во клубот до крајот на сезоната. Тухел го презеде ПСЖ во 2018 година. Под негово водство, Парижаните станаа шампиони на Франција двапати, а исто така ги освоија Купот, Лига Купот и два Суперкупа на земјата. Тимот се пласираше и во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона.

