По двонеделна пауза, в понеделник, 11 јануари, стартуваат подготовките на Металург за вториот дел од сезоната. Ракометарите ќе тренираат во Автокоманда, а за почеток тренерот Димитриоски ќе располага само со македонските играчи. Поголемиот дел од странските засилувања во овој период имаа репрезентативни обврски, па дополнително добија неколку дена одмор од претседателката Блажевска. Металург за времето на подготовките планира да одигра и неколку пријателски натпревари, со противници кои дополнително ќе бидат познати. Втората половина од сезоната Металург ќе ја одигра без Михајло Младеновиќ и Лука Вујовиќ, кои веќе не се дел од тимот. Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона…
Author: saso
Поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ ќе ја продолжи својата тренерска кариера надвор од Стариот континент. Билиќ е официјално назначен за тренер на кинескиот клуб Пекинг Гуоан. Договорот на Билиќ со неговиот нов тим е на 2 години. 52-годишниот Хрват беше менаџер на англиски клуб Вест Бромвич Албион, каде доби отказ пред неколку недели.
Македонската ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Чиле на првата од двете меѓусебни пријателски средби во Скопје. Нашите репрезентативци славеа со резултат 25:21 (15:11). Иако настапи со драстично изменет и подмладен состав, и без Кире Лазаров, Македонија релативно лесно се справи со Чиле. Само во првите десетина минути од средбата се играше релативно рамноправно, иако и тогаш Македонија имаше постојана предност. Оваа ЕХФ недела селекторот Брестовац ја користи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и против Финска и Швајцарија во април, за пласман на ЕП 2022 во Словачка и во Унгарија. Втората меѓусебна средба со Чиле ќе…
Македонската ракометна репрезентација, денеска ќе ја започне новата година со прв собир во Скопје. Селекторот Данило Брестовац ќе го искористи овој слободен простор за да ги собере и тестира новите сили, бидејќи на списокот од 23 ракометари недостасуваат искусни ракометари како Стоилов, Манасков, Ристовски и Георгиевски. Македонија нема да биде дел од Светското првенство во Египет и селекторот Брестовац ќе има простор да одигра две контролни средби со селекцијата на Чиле на 5 и 10 овој месец.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на лето ќе се пресели во Пари Сен Жермен, објавија шпанските медиуми. Според информациите, дефанзивецот на „кралевите“ ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната, кога истекува неговиот договор. Некои медиуми одат дури и подалеку и пишуваат дека Шпанецот веќе ги договорил личните услови со францускиот шампион. Рамос веќе може да преговара со други клубови, бидејќи до крајот на неговиот сегашен договор остануваат помалку од шест месеци, а Реал Мадрид не сака да му понуди нов договор, кој ќе има подобри параметри од неговиот сегашен договор.
Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино и предложил на локалната самоуправа секој граѓанин кој е вакциниран со новата вакцина за Ковид-19 да може да ги следи натпреварите во Италија на стадионите. Масовната вакцинација против вирусот веќе започна во Италија, а според Дал Пино, ова ќе влијае на спортот во земјата. „Мислам дека треба да дозволиме вакцинирани граѓани да доаѓаат на стадионите“, рече тој во интервју за Раи Радио 1.
Јувентус деновиве ќе достави нова, последна понуда за нов договор со Пауло Дибала, пренесува Тутоспорт: Оваа последна понуданема да се подобрува и ќе биде последен предлог од раководството до Аргентинецот. Актуелниот договор на Дибала е вреден 7 милиони евра и истекува во 2022 година, а тој веќе ја одби понудата вредна 10 милиони евра по сезона која ја доби ова лето. Новата понуда на Јуве ќе вклучува подобрување на бонусите од два милиони евра, што ќе го направи втор најплатен играч во тимот, заедно со Матијас де Лигт.
Манчестер Сити е близу до исклучително важен потег, потпишување на нов договор со еден од своите најдобри играчи, Кевин Де Бруин. Белгиецот ќе добие нов долгорочен договор. Белгискиот играч за врска директно преговара со „граѓаните“ и нема инволвирани агенти, што често го отежнува процесот заради дополнителните барања. Највите велат дека идниот договор е близу до потпишување, а 29-годишниот Де Бруин е сериозно заинтересиран да остане во Англија.
Реал Мадрид постигнал договор со играчите за намалување на платите за 10 проценти, објави весникот Марка. Според изворот, „кралскиот клуб“ нема проблем со исплатата на платите, како што е во другите тимови, но поради падот на приходите морало да с енаправи компромис за делумно намалување на трошоците. Исто така се зборува дека клубот нема да купи ниту едно ново засилување во текот на зимскиот преоден рок. Раководството верува дека би било нелогично да се бараат играчи, а истовремено да се намалуваат платите.
Шпански Бетис на својата официјална веб-страница објави дека има три случаи на инфекција со коронавирус во тимот. Фудбалерите Мартин Монтоја, Родригез Хоакин и Андрес Гвардадо биле позитивни на последните тестирања. Сите играчи се во самоизолација во своите домови. Денес Бетис треба да го одигра мечот од 17-то коло во шпанскиот шампионат со Севиља, и со отсуството на овио тројца сигурно ќе биде сериозно ослабен.
