Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, се заразил со коронавирусот, се вели во информацијата на официјалната веб-страница на италијанскиот клуб. 22-годишниот нигериски фудбалер беше тестиран откако се врати од родниот град Лагос на 31 декември, по што неговиот тест е позитивен. Забележано е дека напаѓачот не контактирал со ниту еден од членовите на тимот на Џенаро Гатузо. Осимен нема видливи симптоми на инфекција, но е ставен во карантин.
Author: saso
Шпански „АС“ пишува дека дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба постигнал договор со Реал и дека многу бргу би можел да се пресели во Мадрид. Договорот на австрискиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, а познато е дека тој не сакаше да ја продолжи соработката со великанот од Минхен. Алаба е слободен да преговара со други клубови од 1 јануари, а „АС“ наведува дека е близу до преселба во Мадрид.
Менаџерот на Астон Вила, Дин Смит не беше задоволен од судењето на Мајкл Оливер во поразот од Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ синоќа со 2:1. „Отпрвин, помислив дека е пенал. Сепак, по гледањето на видеото, се гледа дека Погба сам се сопна. Не разбирам зошто судијата Мајкл Оливер не отиде на екранот и не ја погледна самиот ситуацијата? Тогаш, зошто служи ВАР?“, праша менаџерот на Астон Вила.
Македонската одбојкарска репрезентација загуби со 2:3 (25-20, 25-22, 20-25, 14-25, 17-19) во првиот пријателски меч со Бугарија одигран вечерва во Скопје. Во рамките на 44. издание на турнирот „Чајка“, нашите одбојкари одлично го почнаа мечот со силниот бугарски состав, но во последните три сета гостите успеаја да го потврдат квалитетот и да дојдат до минимална победа. За утре во 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан и вториот меч.
Германецот Карл Гајгер е победник на првата од четирите Новогодишни скокалници. Гајгер имаше најдобар резултат на скокалницата во родниот Оберсдорф и со тоа направи одличен кам-бек откако паузираше поради позитивен КОВИД-19 тест. Светскиот шампион скокна 127 метри по првата рунда, а вториот скок му беше 136,5 метри со што освои вкупно 291,1 поен. Второто место му припадна на полскиот скокач Камил Стох со скокови од 125 метри и 132,5 метри за 288,3 поени. Трет е Мариус Линдвик со скокови од 126,5 метри и 135,5 метри и вкупно 285,2 поени.
Откако ги завршија клупските обврски, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиев од денеска му се приклучија на македонскиот репрезентативен одбојкарски состав во делот од подготовките за јануарските квалификации за Европското првенство 2021. Пристуството на коректорот и капитен Никола Ѓорѓиев, како и на техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, ќе им овозможи на селекторот Матијашевиќ и на неговиот асистент Николиќ да одржуваат посилни и покомплетни тренинзи во пресрет на квалификациите во Скопје од 11 до 16 јануари, кога во конкуренција на Турција и на Босна и Херцеговина, македонските одбојкари ќе се обидат вторпат да се пласираат на завршницата на континенталните собири. Претходно, утре и задутре…
Попладнево во „Ланксес“ арената во Келн стартува завршниот Ф4 турнир во ракометната Лига на Шампиони. Станува збор за завршен турнир од минатата сезона, која беше прекината поради ковид-пандемијата. Барселона, дрим тимот на ПСЖ, „домаќинот“ Кил и унгарскиот гигант Веспрем се екипите кои ќе борат за европскиот трон на кој повеќе од една година е македонскиот шампион Вардар. Во полуфиналните пресметки денеска силите ќе ги одмерат Барселона – ПСЖ односно Кил – Веспрем. ЕХФ објави дека наградата за завршниот турнир ќе изнесува 1 милиони евра. Половина од колачот ќе земе шампионот, 250.000 евра второпласираниот, а по 150.000, односно 100.000 евра, трето…
Диего Коста и Атлетко (М) се блиску до разделба, откако како што дознава венсикот „АС“, играчот побарал раскин на договорот што е можно поскоро, поради семејни причини. Атлетико ја проценува ситуацијата овие денови знаејќи дека станува збор за фудбалер кој го задолжи клубот со своите настапи, па најверојатно нема да му прават проблеми да замине и пред истекот на договорот кој завршува во јуни. Коста би бил ослободен порано од предвиденото, но засега останува нејасно дали и каде ќе ја продолжи кариерата.
Младиот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Теодор Симиќ, вчера имаше одлично издание во јуниорското издание на Евролигата. Вчера на првиот квалификациски турнир за кошаркари до 18 години за пласман на завршниот турнир на Евролигата, Симиќ и неговата Барселона, стигнаа до две победи во групната фаза, со кои веќе го обезбедија местото во големото финале, од кое ќе бараат билетот за финалниот турнир. Во првиот меч на турнирот, Барселона по голема борба го победи германскиот Улм Ратиофарм со резултат (59:50). На овој меч младиот Македонец одигра скоро 12 минути и притоа постигна 6 поени (3/5 за два и 0/1 за три поени),…
Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, се откажа од настап на првиот Грен Слем турнир за 2021 година, Австралија опен. Швајцарецот проценил дека нема да може да се опорави од операцијата на коленото доволно брзо за да може да настапи во Мелбурн. Ова, секако, значи дека швајцарскиот тенисер ќе го пропушти АТП-купот, што се одржува една недела пред почетокот на Австралија опен. „Роџер одлучи да не игра на Австралија опен. Тој направи голем напредок во изминатите неколку месеци во однос на коленото и кондицијата. Сепак, по консултација со неговиот тим, тој одлучи дека е најдобро за него…
