Попладнево во „Ланксес“ арената во Келн стартува завршниот Ф4 турнир во ракометната Лига на Шампиони. Станува збор за завршен турнир од минатата сезона, која беше прекината поради ковид-пандемијата.
Барселона, дрим тимот на ПСЖ, „домаќинот“ Кил и унгарскиот гигант Веспрем се екипите кои ќе борат за европскиот трон на кој повеќе од една година е македонскиот шампион Вардар.
Во полуфиналните пресметки денеска силите ќе ги одмерат Барселона – ПСЖ односно Кил – Веспрем. ЕХФ објави дека наградата за завршниот турнир ќе изнесува 1 милиони евра. Половина од колачот ќе земе шампионот, 250.000 евра второпласираниот, а по 150.000, односно 100.000 евра, трето и четвртопласираниот тим.
ПОЛУФИНАЛЕ:
18.00 Барселона – ПСЖ
20:30 Кил – Веспрем

