Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, се откажа од настап на првиот Грен Слем турнир за 2021 година, Австралија опен. Швајцарецот проценил дека нема да може да се опорави од операцијата на коленото доволно брзо за да може да настапи во Мелбурн. Ова, секако, значи дека швајцарскиот тенисер ќе го пропушти АТП-купот, што се одржува една недела пред почетокот на Австралија опен.
„Роџер одлучи да не игра на Австралија опен. Тој направи голем напредок во изминатите неколку месеци во однос на коленото и кондицијата. Сепак, по консултација со неговиот тим, тој одлучи дека е најдобро за него на долг рок да се врати на професионалниот тенис по завршувањето на Австралија опен“, изјави агентот на Роџер Федерер.

