Диего Коста и Атлетко (М) се блиску до разделба, откако како што дознава венсикот „АС“, играчот побарал раскин на договорот што е можно поскоро, поради семејни причини. Атлетико ја проценува ситуацијата овие денови знаејќи дека станува збор за фудбалер кој го задолжи клубот со своите настапи, па најверојатно нема да му прават проблеми да замине и пред истекот на договорот кој завршува во јуни.
Коста би бил ослободен порано од предвиденото, но засега останува нејасно дали и каде ќе ја продолжи кариерата.

