Македонската одбојкарска репрезентација загуби со 2:3 (25-20, 25-22, 20-25, 14-25, 17-19) во првиот пријателски меч со Бугарија одигран вечерва во Скопје. Во рамките на 44. издание на турнирот „Чајка“, нашите одбојкари одлично го почнаа мечот со силниот бугарски состав, но во последните три сета гостите успеаја да го потврдат квалитетот и да дојдат до минимална победа.
За утре во 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан и вториот меч.

