Менаџерот на Астон Вила, Дин Смит не беше задоволен од судењето на Мајкл Оливер во поразот од Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ синоќа со 2:1.
„Отпрвин, помислив дека е пенал. Сепак, по гледањето на видеото, се гледа дека Погба сам се сопна. Не разбирам зошто судијата Мајкл Оливер не отиде на екранот и не ја погледна самиот ситуацијата? Тогаш, зошто служи ВАР?“, праша менаџерот на Астон Вила.

