Author: saso

Вашингтон Стејт Универзитетот ја продолжи својата победничка серија во НЦАА, стигна до осмиот триумф во сезоната, овој пат против Нортвестерн Стејт од 62-52. „Кугарс“ остануваат на врвот во дивизијата Пацифик 12, со максимален скор по осум одиграни мечеви. Андреј Јакимовски повторно беше стартер. Единствените поени, три, ги постигна од линијата за слободни фрлања, со половичен ефект (3/6), а имаше и помалку време минато на теренот, 24 минути. Но, затоа пка македонскиот репрезентативец постави личен рекорд од 12 скока, од нив четири офанзивни и осум дефанзивни. Следниот натпревар на Вашинтон Стејт е на последниот ден од оваа година, против Аризона Стејт,…

Read More

Исландската фудбалска федерација вчера објави дека Арнар Винарсон е назначен за нов селектор на А-репрезентацијата, против која Македонија ќе игра во циклусот квалификации за СП 2022. Винарсон во јануари 2019 година беше ангажиран како селектор на репрезентацијата до 21 година и сега ќе се повлече од таа работа. Негов асистент во репрезентацијата ќе му биде Еигур Смари Гујонсен, кој работеше со него во репрезентацијата до 21 година. Македонија првиот меч со Исланд во квалификациите за СП 2022 ќе го одигра на 5 септември на гостински терен.

Read More
NBA

Ниту 32 поени на Лука Дончиќ не помогнаа Далас да стартува со победа во новата НБА сезона. На гостувањето кај Феникс, момците на Далас загубија со 106:102 иако младиот Словенец имаше извонредна партија. Феникс го имаше Девин Букер кој беше најпродуктивен со 22 поени, додека Бриџис постигна 18. Сакраменто славеше на гостувањето кај Денвер Нагетс во мечот кој заврши дури по продолженија за конечни 124:122. Денвер водеше во текот на целото прво полувреме, но предноста на домаќините никогаш не надмина осум поени. На средината на третиот период „кралевите“ поведоа, а резултатот беше израмнет повторно на крајот од мечот. Половина минута…

Read More

ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. Спортскиот директор на францускиот шампион, Леонардо, е во потрага по замена за Тијаго Силва, кој ова лето замина во редовите на Челзи, а на негово место францускиот шампион не успеа да најде адекватна замена. 27-годишниот Германец кој во Челзи оваа година не добива шанса за настап, по барање на тренерот Тухел треба да биде доведен во Париз. Рудигер е на клупата на Челзи од почетокот на новата сезона и веќе најави дека сака да си замине од Лондон.

Read More

Иако ставен во распоред, натпреварот меѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер, кој требаше да се игра синоќа беше одложен. Како што објавија од НБА лигата, после низа настани, „ракетите“ останаа без потребните осум играчи за да го одиграат првиот натпревар во сезоната 2020/21. Вол, Демаркус Казинс и Кенион Мартин беа играчите кои се собраа во вторникот вечерта во станот на еден од играчите, а подоцна стана јасно дека Мартин има позитивен резултат на тестот за Ковид-19, што доведе до потрага по контакти, а меѓу нив беше и Џејсон Тејт. Бен МекКлемор е во изолација неколку дена по позитивниот тест,…

Read More

Кристијан Ериксен е подготвен да го напушти Интер следниот месец, откако не успеа да се вклопи во тимот од „Сан Сиро“. Интер му плати на Тотенхем 16,9 милиони фунти за данскиот играч за врска во јануари оваа година, но по неполна година 28-годишниот фудбалер е на пат да си замине, откако имаше само четири натпревари во Серија А оваа сезона. Интер би бил подготвен да разгледа договор за заем, иако тие претпочитаат директна продажба. Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, за Скај Спортс Италија изјави дека Ериксен, дефинитивно, ќе биде на трансфер листа.

Read More

Капитените на сите хрватски тимови го избраа нашиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми за најдобар играч во хрватската ХНЛ лига за 2020 година. Адеми беше убедливо прв во изборот, пред Мијо Цакташ од Хајдук, откако собра 66 бода, дури 20 повеќе од вторпласираниот Цакташ.

Read More

Џенова официјално го отпушти тренерот Роландо Маран, а Давиде Балардини е негов наследник. Тимот на Горан Пандев утрово објави дека по поразот од Беневенто со 2:0 во неделата и серијата без победа од 12 последователни натпревари во Лигата е причина поради која Маран мораше да си замине од клупата на тимот. Претседателот Енрико Прециози одлучи да се раздели со Маран, кој беше донесен на местото на Давиде Никола минатото лето. Давиде Балардини е човекот кој ќе се врати на „Мараси“, откако треба да ги помине формалностите со управата.

Read More

Некогашната ѕвезда на Манчестер Ј., Дејвид Бекам засилено работи на засилување на својот клуб во МЛС лигата. Според последните вести, Интер Мајами нескоро ќе се засили со голман токму од Манчестер Ј. Според најновите вести, Бекам лично преговара за трансфер на резервниот голман на „ѓаволите“, Серхио Ромеро, кој годинава е веќе трет голман на „Олд Трафорд“. Аргентинецот нема против преселба во САД, но засега се уште не може да се договори за личните услови од соработката. Бекам исто така сака да го донесе во своите редови и Французинот Оливие Жиру, кому му подготви специјален подарок, а станува збор за стан…

Read More

Португалската суперѕвезда од екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо ја доби наградата „Златна нога“, потврдија на официјалната веб-страна „Старата дама“. Веста дека Роналдо е победник беше објавена на 1 декември, но доделувањето на трофејот се случи во неделата. Сите победници на ова престижно признание оставаат отисоци од своите стапала, кои потоа се додаваат на Алејата на шампионите во Монте Карло. Наградата се доделува еднаш годишно и им се доделува на играчите за високи спортски достигнувања. Исто така, постои ограничување во возраста, така што победникот мора да има најмалку 29 години.

Read More