ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. Спортскиот директор на францускиот шампион, Леонардо, е во потрага по замена за Тијаго Силва, кој ова лето замина во редовите на Челзи, а на негово место францускиот шампион не успеа да најде адекватна замена.
27-годишниот Германец кој во Челзи оваа година не добива шанса за настап, по барање на тренерот Тухел треба да биде доведен во Париз. Рудигер е на клупата на Челзи од почетокот на новата сезона и веќе најави дека сака да си замине од Лондон.
