Вашингтон Стејт Универзитетот ја продолжи својата победничка серија во НЦАА, стигна до осмиот триумф во сезоната, овој пат против Нортвестерн Стејт од 62-52. „Кугарс“ остануваат на врвот во дивизијата Пацифик 12, со максимален скор по осум одиграни мечеви.
Андреј Јакимовски повторно беше стартер. Единствените поени, три, ги постигна од линијата за слободни фрлања, со половичен ефект (3/6), а имаше и помалку време минато на теренот, 24 минути. Но, затоа пка македонскиот репрезентативец постави личен рекорд од 12 скока, од нив четири офанзивни и осум дефанзивни.
Следниот натпревар на Вашинтон Стејт е на последниот ден од оваа година, против Аризона Стејт, десеттопласираната екипа во истата дивизија.

