Некогашната ѕвезда на Манчестер Ј., Дејвид Бекам засилено работи на засилување на својот клуб во МЛС лигата. Според последните вести, Интер Мајами нескоро ќе се засили со голман токму од Манчестер Ј.
Според најновите вести, Бекам лично преговара за трансфер на резервниот голман на „ѓаволите“, Серхио Ромеро, кој годинава е веќе трет голман на „Олд Трафорд“. Аргентинецот нема против преселба во САД, но засега се уште не може да се договори за личните услови од соработката.
Бекам исто така сака да го донесе во своите редови и Французинот Оливие Жиру, кому му подготви специјален подарок, а станува збор за стан во Мајами Сити вреден повеќе од пет милиони долари.

