Српскиот центар од екипата на Денвер, Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и со нов „дабл-дабл“ учинок го понесе својот тим до победа на гостувањето кај Њујорк со 89-114. Гостите победата ја решија уште во првото полувреме кога направија голема предност. Кошаркарите на шампионот ЛА Лејкерс синоќа славеа во Хјустон со 120-112 и ја обезбедија својата петта победа во последните 6 натпревари, или вкупно осма оваа сезона. Ентони Дејвис средбата ја заврши со 27 поени. НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Јута 86-96 ЛА Клиперс – Чикаго 130-127 Бруклин – Оклахома 116-129 Њујорк – Денвер 89-114 Хјустон – ЛА Лејкерс 102-120…
Author: saso
Лондонски Вест Хем Јунајтед има намера да доведе замена за францускиот напаѓач Себастијан Алер кој замина во Ајакс, објави Телеграф. „Чеканите“ размислуваат да изнајмат 31-годишен австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ од кинески Шангај СИПГ, кој веќе играше за Вест Хем од 2017 до 2019 година. За возврат, управата на клубот од Кина е подготвена да го ослободи играчот само доколку заинтересираната страна преземе врз себе исплата на целата плата на играчот. Покрај Арнаутовиќ, во потесниот избор за напаѓачи се и Буле Диа од Рен и Адам Амстронг од Блекбурн Роверс.
Актуелниот тренер на Севиља, Хулиен Лопетеги, го продолжи договорот со тимот до 2024 година. Тренерот кој има најголем процент на освоени бодови на клупата на тимот од Андалузија, доби нова соработка која ја потпиша вчера. Лопетеги минатата сезона стигна во Севиља, и во првата сезона дојде до пехарот во Лигата на Европа, со што тимот обезбеди пласман во Лигата на шампионите, и се пласираше во 1/8 финалето каде што ќе игра против Борусија Дортмунд.
Французинот Алексис Пинтуро стигна до третата последователна победа во велеслалом оваа сезона, откако денеска го доби највисокото место на подиумот и на трката во Аделбоден. Тој имаше одлични две трки по кои со предност од 26 стотинки зад себе го остави феноменалниот хрватски скијач, Филип Зупчиќ. Третото место му припадна на Лоик Мејлард од Швајцарија, кој задоцни повеќе од 1,5 секунда зад победникот. Трката ќе остане запаметена и по страшниот пад на Американскиот скијач Томи Форд во првото возење, по што мораше итно да биде пренесен во болница.
Италијанската скијачка Софија Гоџа е победник на третиот спуст за Светскиот куп оваа сезона, кој се возеше во Сент Антон, Австрија. Во својата деветта победа во кариерата, 28-годишната Италијанка покажа дека нема конкуренција во најбрзата алпска дисциплина во моментот, особено кога ќе успее да вози без грешки. Единствената што успеа да заостане зад Гоџа за помалку од една секунда (+0,96) беше второпласираната Австријка Тамара Типлер. Трета беше Американката Бризи Џонсон. Софија Гоџа е лидер во поредокот со 280 од максимални 300 бодови.
Американскиот скијач Томи Форд, кој стартуваше како четврти на првата велеслаломска трка во Аделбоден, имаше страшен пад кон крајот од првото возење, поради што трката беше привремено прекината повеќе од 20 минути. Форд, кој е петти во велеслалом со 200 бодови, изгуби рамнотежа, удри во врата, па со главата и заврши во заштитната ограда. Медицинскиот тим набрзо стигна до скијачот, а подоцна со хеликоптер го пренесе во болница.
Јувентус е близу до комплетирање на трансферот на напаѓачот на Нант, Абдулаје Дабо. Договорот може да биде заокружен во понеделник, кога двете страни ќе ги имаат последните преговори. Договорот меѓу двата тима предвидува закуп со можност за комплетен откуп на крајот на сезоната. Барем во почетната фаза, младиот фудбалер ќе биде ставен на располагање на младинскиот тим на „Старата дама“, каде ќе се докажува. 19-годишниот Французин оваа сезона има пет натпревари за Нант.
Играчот за врска на Рома, Хенрих Мхитаријан се договори за нов договор со клубот, објавија италијанските медиуми. Тековниот договор на играчот е до 30 јуни 2021 година, а сега тој ќе потпише нов на уште една година. 31-годишниот ерменски репрезентативец оваа сезона одигра 21 натпревар за тимот, постигнувајќи девет гола и девет асистенции. Вечерва од 20:45 часот Рома е домаќин на Интер во првиот натпревар од 17-то коло во Серија А.
Реал Мадрид успеа да стигне до Памплона, но фудбалерите на Зинедин Зидан имаа многу непријатен момент откако чекаа цели четири часа на пистата на аеродромот Барахас додека полетаа за средбата со Осасуна. Реал Мадрид не го послуша предупредувањето на Ла Лига и одби да полета за Памплона еден ден порано, а снежната бура што ја зафати шпанската престолнина предизвика огромен хаос на авионските линии. На крајот, тимот на Реал Мадрид пристигна во Памплона нешто пред полноќ. Засега се уште не е јасно дали средбата на стадионот „Ел Садр“ ќе се одржи поради лошите временски услови, но домаќините направија сериозен ангажман…
Натпреварот од 18-то коло во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао е одложен поради лошите временски услови во шпанската престолнина. Средбата требаше да се одигра денеска, но сега ќе се бара нов датум кој ќе биде одреден во наредните денови. Уште вчера „Баскијците“ полетаа од Билбао, стигнаа до Мадрид, но не им беше дозволено да слетаат таму поради лошите временски услови и замрзнатите писти, па мораа да се вратат назад. Утрово аеродромот во Мадрид официјално беше затворен поради обилните врнежи од снег, поради што беше неопходна конечна одлука за одложување на состанокот од Ла Лига.
