Author: saso

Лионел Меси може да пропушти меѓу 4 и 12 натпревари затоа што намерно го удри противничкиот фудбалер во главата на вчерашното Суперкуп финале со Атлетик Билбао во Севиља. Инцидентот се случи во последните минути од судиското продолжение на мечот кој им припадна на баскијците со 3:2. Аргентинецот беше исклучен една минута пред крајот на натпреварот откако брутално удри играч на Атлетик, а судијата откако го прегледа моментот на ВАР снимка му покажа црвен картон. Ова исклучување беше прво Меси во кариерата за екипата на Барселона. Доколку дисциплинците сметаат дека Меси агресивно го нападнал играчот без топка, тогаш казната може да…

Read More

Месут Озил конечно го официјализираше својот трансфер во Фенербахче. Синоќа фудбалерот со специјален лет отпатува за Истанбул, каде денеска треба и официјално да биде преставен во новиот клуб. 32-годишниот играч за врска го раскина договорот со Арсенал, каде последен пат играше во март. „Бог ми дава шанса да заиграм за тимот за кого навивам. Ова е неверојатна чест за мене и ќе дадам се од себе”, изјави неодамна Озил.

Read More

Новиот тренер на Атлетик Билбао, Марселино Торал стана првиот тренер што некогаш ја победил Барселона во две последователни финалиња. Тој го стори тоа за првпат со Валенсија во 2019 година во финалето на Шпанскиот куп, а синоќа во новото финале, но во Суперкупот со Атлетик Б. стигна до трофејот токму победувајќи ја Барселона по продолженијата.

Read More

Македонскиот фудбласки репрезентативец Бобан Николов ќе биде нов играч на тимот на Лече. Амбициозниот член на Серија Б,  има намера да се врати во елитата што побргу, па одлучи во таа насока да се засили со еден од нашите најдобри играчи за врска во моментов. Николов деновиве треба да ги заврши формалностите од договорот со Лече и да потпише две и пол годишен договор со клубот, во кој тренер како тренер работи Еугенио Корини. Бобан Николов до овој момент беше член на тимот на МОЛ Фехервар, но актуелниот договор со овој клуб му истекува на лето.

Read More

Француски Олимпик Марсеј напредуваше во преговорите со Наполи за трансфер на напаѓачот Аркадиуш Милик, пишува „Франс Фудбал“. Според информацијата, полскиот голгетер е многу блиску до преселба на „Велодром“, откако двата тима треба да стават параф на договорот за позајмица. Сумата на целокупниот трансфер треба да биде 8 милиони евра, плус 3,5 милиони во форма на бонуси. Првите 6 месеци Милик ќе биде на позајмица, а потоа Французите треба д аго откупат неговиот договор.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солскјер по вчерашното реми на гостувањето кај Ливерпул (0:0) изјави дека иако имаа две одлични шанси не заслижиле да победат. „Не заслуживме да победиме затоа што не игравме доволно добро. Не ја наметнавме нашата игра, особено во првото полувреме. Квалитетот на нашата игра се подобри во текот на натпреварот, па затоа мислевме дека треба да победиме. Создадовме две неверојатни шанси, но можеме да играме подобро од ова што го одигравме денес. Ние го знаеме ова. Можеме да дејствуваме на поорганизиран начин, да имаме повеќе посед на топка. Моравме да се браниме премногу, премногу често им…

Read More

Македонските одбојкари се на чекор до сигурен пласман на Европското првенство годинава. Доколку попладнево ја совладаат Турција со 3:0 или со 3:1 во сетови, тогаш ќе го прослават вториот влез во континенталната елита. Во првиот случај ќе завршат први на турнирот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а во вториот до целта ќе стигнат како една од петте најдобри второпласирани репрезентации во седумте групи. Откако Турците вчера очекувано славеа над Босна и Херцеговина со 3:0 (25:9, 25:19 и 25:18), денеска против нас ќе влезат со три победи, со максимални девет бода и со сет-количник 9-1. Тоа значи дека доколку ние…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) во второто коло од Светкото првенство ќе игра против Египет и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот натпревар. Ракометарите на стартот загубија со убедливи 20:32 од Шведска во натпревар во кој потфрлија во сите елементи од играта. На вчерашниот брифинг со новинарите и ракометарите и селекторот ветија многу подобра партија против домаќинот на првенството. Египет тргна со победа над Чиле, а на клупата го има и екс-тренерот на Вардар, Гарсија Парондо.

Read More

Англискиот шампион Ливерпул го постави името на аргентинскиот играч за врска на Удинезе, Родриго Де Пол, на врвбот на приоритетите како потенцијална замена за Вајналдум, доколку Холанѓанецот го напушти „Енфилд“ на лето. „Кориере дело Спорт“ тврди дека договорот на играчот од средниот ред со Ливерпул истекува накрајот на сезоната и Вајналдум може да го напушти клубот како слободен агент. 26-годишниот Де Пол има договор со Удинезе до 30 јуни 2024 година, но „црвените“ се подготвени да инвестираат во него. Проблем за можен трансфер на Аргентинецот на „Енфилд“ може да биде неговата висока цена, бидејќи минатата недела потпретседателот на Удинезе, Стефано…

Read More
NBA

Супер-ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, заработи казна вредна 50.000 долари. Причината е во тоа што Ирвинг ги прекршил протоколите кои ги донесе раководството на НБА по повод пандемијата со Ковид-19. Имено, кошаркарот бил на организирана забава на која не носел заштитна маска. На таа роденденска забава присуствувале над 15 луѓе. Тој ќе биде карантин пет дена, по што ќе мора да биде ќе тестиран. Ако биде позитивен јасно е дека нема да игра натпревари за својот тим во периодот на изолација.

Read More