Author: saso

Матео Мусакио пристигна во Рим каде денеска ќе ги мине медицинските тестови во Лацио и официјално ќе стави потпис на договорот со римскиот клуб. 30-годишниот фудбалер постигна договор со „бјанкочелестите“ и ќе се пресели во нивните редови на позајмица од Милан со опција за купување. Мусакио слета во Рим синоќа, а денеска ќе ги мине медицинските прегледи во неговиот нов клуб. „Многу сум среќен што сум тука“, изјави тој пред новинарите по пристигнувањето во Рим.

Read More
NBA

Кошаркарите на Јута Џез синоќа дојдоа и до 9-тата победа во низа совладувајќи го Њујорк Никс со 108:94 и со тоа дојдоа до 13 победи и само четири порази во досегашниот дел од сезоната. Со тоа се искачија на второто место во Западната конференција, веднаш зад актуелните шампиони, ЛА Лејкерс. Ројс О’Нил  со 20 поени, Мајк Конли (19) и Руди Гобер (18 поени и 19 скока) беа најдобри на теренот кај Јута. Кај гостите добра партија имаше Остин Риверс со 25 поени. Во второто дерби синоќа Атланта дома ги победи ЛА Клиперс со 108:99. Јанг постигна 38 поени во победата…

Read More

Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али е близу до преселба во Франција. ПСЖ е заинтересиран за услугите на младиот фудбалер и е подготвен на компромиси за да дојде до неговиот потпис. Али е подготвен да го напушти Лондон и не тренира со Тотенхем веќе неколку дена. Играчот за врска не беше вклучен во составот за куп-натпреварот против Вајкомб, а нема да игра и против Ливерпул. Сепак, Тотенхем, претставен од претседателот на управниот одбор на клубот Даниел Леви, сè уште не донел конечна одлука.

Read More

Томас Тухел од вчера и официјално е новиот тренер на Челзи. За Германецот ова е прв предизвик во Премиер лигата, откако во минатото ги водеше ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц. Тухел беше сменет од ПСЖ пред неколку недели, а сега доаѓа на местото на Френк Лампард, кој не ги оправда очекувањата, откако во 2019 година седна на клупата на „сините“. Дебито на Германецот на клупата на Челзи ќе биде уште вечерва на мечот со Вулверхемптон.

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз си заминува од СП во Египет. Во последниот меч од главната рунда, Македонија загуби и од Белорусија со 30:26 и со тоа со само една победа го заврши настапот на 27. СП во Египет. Нашиот национален тим денеска имаше солиден меч се до 40. минута, кога дојде до целосен пад во играта што го искористија Белорусите да направат комотна предност која на крајот им донесе посакувана победа. Најдобар стрелец кај нас беше Лазаров со 7 гола, пред Пешевски и Кузмановски постигнаа по 4. Кај селекцијата на Белорусија, Кулеш запиша 7, а Астрашапкин имаше 5…

Read More

Италијанката Софија Гоџа продолжува да доминира во спуст, откако утрово ја обезбеди и четвртата последователна победа во оваа дисциплина. Италијанката денеска беше најбрза во Кран-Монтана со време од 1:27,75 минути. 28-годишната Гоџа, олимписки шампион од Пјонгчанг стигна до нејзина десетта победа во Светскиот куп. Втора беше Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со 27 стотинки заостанување, што е нејзино 28 место на подиумот во кариерата, а трета беше Елена Куртони од Италија со 60 стотинки заостанување. Петра Влхова и натаму е прва во генералниот пласман, а денеска заврши на шестото место.

Read More

Кризата која го тресе нашиот фудбалски гигант Вардар и неопходноста од брзо решение, ги активираа и поранешни функционери и легенди на клубот во обидите за спас на најтрофејниот македонски клуб. Поранешниот генерален менаџер на Вардар, Драган Томовски, кој беше и првиот македонски фудбалски работник на висока позиција во европски клуб како советник на бордот на директори на холандски Херенвен, е директно вклучен во обидите за изнаоѓање решение за спас на најтрофејниот македонски клуб. Во интервју за порталот „Екипа“, Томовски зборуваше за состојбата во Вардар и за обидите за изнаоѓање спас за клубот. „Фактичката состојба во Вардар е дека единствен сопственик…

Read More

Британски „Еуроспорт“ објави дека управата на Ливерпул како приоритет го има потпишувањето на новиот договор со централниот бек Вирџил ван Дијк , а не нов договор со напаѓачот Мохамед Салах. Договорите на двајцата играчи истекуваат летото 2023 година, а Ливерпул смета дека останувањето на Холанѓанецот е главната мисија. Клубот планира да објави нова зделка со Ван Дијк ова лето. Ливерпул има намера да му понуди подобрени услови во договорот на дефанзивецот, со којтој сигурно ќе заработува повеќе од Салах, кој сега е најплатен играч во клубот и заработува 200.000 фунти неделно.

Read More

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Владимир Ѓоровиќ одлучи во подготвителниот период и средбите со репрезентациите на Хрватска и Летонија да им даде доверба на 15 кошаркарки. Во првите денови од седумдневните подготовки во Охрид, ќе го нема и капитенот Анџелика Митрашиновиќ, поради претходно планирани клупски обврски. „Сакам кажам дека за овој февруарски ‘прозорец’ на ФИБА и квалификациските дуели во Летонија беа планирани уште неколку кошаркарки. Во прв ред, Јелена Антиќ, која е на посебни третмани за опоравување во Катар. Потоа Александра Стојановска, која за жал не е комплетно заздравена по операцијата на скочниот зглоб, и Кожобашиоска, која од пред…

Read More

Организаторите на трките од Светскиот куп во алпско скијање во австриски Кицбил, беа принудени да го откажат денешниот спуст, поради лошите временски услови. Во текот на ноќта, во Кицбил и на патеката почна да врне дожд, а потоа и снег, особено во долниот дел каде состојбата на патеката веќе не ги гарантираше безбедносните услови за скијачите. Организаторите на славната Ханенкама вчера едвај успеаја да го одржат спустот што првично требаше да се одржи една недела порано во Венген, Швајцарија.

Read More