Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги разочара навивачите на тимот со веста дека Џо Гомез нема да се врати во игра оваа сезона. Дефанзивецот кој се опоравува од операцијата, нема да биде способен за игра до следната сезона. „Опоравувањето на Џо оди добро, но тој е сè уште далеку од враќање. Тој не е подготвен да истрча на теренот, дури и да оди во теретана. Тој има сериозна повреда. Не мислам дека ќе се врати во игра оваа сезона. Би бил многу изненаден во добра смисла на зборот ако тој успее, но не верувам во тоа“, изјави Клоп.
Author: saso
Дефанзивец на Барселона, Серхи Роберто веќе неколку дена тренира со првиот тим и е се поблизу до враќање во игра, пишува Марка. 28-годишникот се опорави од повредата на десниот бут заработена на мечот против Атлетико Мадрид во ноември и веќе се подготвува со полна брзина. Тренерот Роналд Куман дури сериозно размислува да го вклучи во групата за мечот со Атлетик Билбао. Опоравувањето на Серхио Роберто е одлична вест за тренерот на Каталонците, кој во негово отсуство имаше сериозни проблеми со десната бековска позиција.
Двајца фудбалери на францускиот шампион ПСЖ се позитивни на КОВИД-19. Станува збор за играчот за врска Марко Верати и дефанзивецот Абду Диало кај кои е дијагностициран коронавирусот и мораа веднаш во карантин. Според француските прописи, луѓето инфицирани со коронавирус се изолираат седум дена, по што се прават нови тестови.
Ракометарите на Шведска и Данска ќе играат во големото финале на СП во Египет. Во денешните полуфинални средби, Шведска ја совлада Франција со 32:26, а Данска беше подобра од фаворитот Шпанија со 35:33. Шведска одигра извонреден меч против ослабената Франција и успеа да одржува константна предност од почетокот до крајот на мечот. Французите се враќаа во егал неколку пати, но во последните десетина минути не успеаја да им парираат на противниците. Слично нешто се случуваше и на второто полуфинале. Данците поведоа од самиот старт, наметнаа своја игра, а Шпанија постојано се обидуваше да ги следи. Во финишот Шпанија дојде на…
РК Еурофарм Пелистер и тренерот Жељко Бабиќ потпишаа нов договор со важност до јуни 2024 година. Клубот и хрватскиот тренер се на иста бранова должина и заеднички ќе ја продолжат надградбата на проектот. 48-годишниот Бабиќ дојде во Битола во првите денови од 2020 година и ја водеше екипата во прекинатата сезона заради коронавирусот и во првиот дел од тековната сезона, во која битолскиот клуб одигра шест официјални натпревари. Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, тренерот од Сплит работеше во Меткович, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на хрватската ракометна репрезентација. Бабиќ е трет хрватски тренер во…
Македонската кошаркарска репрезентација, подготовките за февруарскиот квалификациски „прозорец“ за Евробаскетот кој за Македонија ќе биде реализиран во руски Перм, ќе ги стартува на 10 февруари во Скопје. Според плановите на стручниот штаб на „црвено-жолтите“, во Скопје ќе биде реализиран воведниот дел од подготовките. „Ќе работиме пет дена во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Планирано е во процесот да бидат вклучени 14-15 кошаркари. Најголем дел од нив ќе бидат со нас од првиот ден. Вклучително и капитенот Војдан Стојановски, но и Џејкоб Вајли, што е и тоа како битен момент за нас. Ќе настојуваме да тренираме во термините во…
Франција, Србија, Украина, Фарските Острови и Ерменија ќе бидат противници на младата фудбалска репрезентација на Македонија во циклусот квалификации за пласман на европското првенство во 2023 година. На денешната ждрепка во Нион добивме исклучително тешка група, со добро познати ривали со кои веќе имаме играно во квалификациските циклуси за ЕП 2017, 2019 и 2021 година. ЕП по две години ќе се одржи во Грузија и Романија, кои се квалификуваа директно на ова натпреварување.
Ракометарите на Вардар денеска ќе се вратат на терените со првиот меч за нив од новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Во првиот меч на домашен терен „црвено-црните“ го пречекуваат тимот на Војводина. Вардар го игра првиот натпревар од маратонот кој ќе следува до крајот на март со многу мечеви од Лигата на шампионите и СЕХА натпреварувањето. Војводина не е ривал од кој треба да стравува, но „вардарци“ најавија дека сериозно го сфаќаат дуелот затоа што е почеток на втората полусезона и сакаат да тргнат со добра игра и победа. Средбата почнува од 17.45 часот и ќе ја следите…
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, го критикуваше тимот по поразот на домашен терен од Шефилд Ј. во мечот од 20. коло во англиската Премиер лига. „Уште од првата минута, Манчестер Јунајтед играше без сила и енергија на која сме навикнати. Мора да му оддадеме почит на Шефилд, Вајлдер добро го подготви тимот, но Јунајтед не им создаде проблеми. Бруно Фернандес, на кој толку сметаа последните месеци, не играше. Исто е и со Пол Погба. Ако некој на Олд Трафорд почна да се носи во облаците поради место на табелата, тогаш овој натпревар беше тест за враќање со реалноста.…
Поранешната најдобра светска тенисерка и седумкратна победничка на Грен слем турнирите, Жастин Анин, вели дека на Австралија опен и оваа година има само еден вистински фаворит. „Машкиот дел од натпреварот е полесен за предвидување, бидејќи има еден очигледен фаворит – Новак Ѓоковиќ. Австралија опен се чини дека е направен за Новак. Ситуацијата е поинаква оваа година, но по она што се случи на УС Опен и Ролан Гарос, но Новак повторно ќе сака да покаже дека е главен. Ако ме прашувате за други фаворит, мислам дека секогаш можеме да сметаме на Надал и Тим. Исто така, навистина ми се допаѓа…
