Author: saso

Ракометарите на Вардар стигнаа и до втората победа во новата сезона од СЕХА Газпром лигата откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беа подобри од екипата на Нексе со резултат 27:26 (15:12). Македонскиот претставник одлично го одигра првиот дел во кој имаше голема предност, но на пауза замина со плус 3, додека во вториот дел гостите одиграа многу подобро и го однесоа мечот во неизвесна завршница. Вардар поради неколкуте технички грешки на гостите, но и добрите интервенции на Борко Ристовски во финишот сочува предност од еден гол за победа. Најефикасни со по шест голови беа Талески и Чупиќ, а Ристовски собра…

Read More

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски се врати од СП во својот клуб со позитивен тест на Ковид 19 Тој по доаѓањето во Хановер пред да го одработи првиот тренинг беше тестиран и се покажа дека е позитивен на Ковид 19. Добрата вест е што Кузмановски дека нема симптоми на болеста, но во секој случај следните 14 дена ќе биде во изолација.

Read More

Озан Кабак потпиша договор со Ливерпул, а документите се предадени во ФИФА и официјалната потврда за трансферот се очекува до крајот на вечерта. Денеска долго време траеше битката за затворање на трансферот на централниот бек на Шалке, кој пристигнува во Ливерпул откако претходно Шалке успеа да го договори доаѓањето на Шкодран Мустафи од Арсенал. Да потсетиме, Ливерпул го добива турскиот стопер на позајмица за 3.000.000 евра плус можност за откуп, кој на крајот може да достигне 30.000.000 евра.

Read More

Германскиот бунделсигаш Херта вечерва се засили со уште двајца нови фудбалери. Како што потврдија од клубот, прво големо засилување е Сами Кедира, кој дојде во дресот на берлинци како слободен фудбалер, откако претходно го раскина договорот со Јувентус. Второ ново засилување во Херта оваа зима е српското крило Немања Радоњиќ. Тој доаѓа на 6-месечна позајмица со право на откуп на договорот од француски Олимпик Марсеј за сума од 12 милиони евра. За 6-месечната позајмица Германците му платија на Марсеј половина милион евра.

Read More

Трансферот на Деле Али од Тотенхем во ПСЖ нема да се случи, бидејќи „мамузите“ ќе го блокираат секој обид на Англичанецот да си замине денес. Играчот од средниот ред сакаше да се пресели во ПСЖ, каде неодамна дојде неговиот поранешен тренер Маурисио Покетино.  Сепак, најавената позајмица нема да се се случи. Тотенхем одлучил дека нема да има доволно време да најде замена за него до крајот на преодниот рок и затоа нема да му дозволи да си замине.

Read More

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија нема да патува за Рига, и нема да игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на ЕП 2021. Поради позитивни случаи во редовите на нашиот национален тим, дуелите против Летонија и Хрватска, последни во овие квалификации ќе ги изгуби службено. Двата позитивни теста се потврдени кај стручниот дел од нашата најдобра женска селекција. „Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата. Како одговорна федерација, ние…

Read More

Македонската репрезентација до 19 години убедливо со 4:0 загуби од соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот натпревар во турска Анталија. Без шестмина стандардни фудбалери (Лука Станковски, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Кристијан Тасевски и Берат Калкан), кои поради клупски обврски не се вклучени на подготовките, македонската репрезентација не можеше сериозно да им се спротивстави на врсниците од Бугарија. Дополнителен хендикеп за селекторот Арслани беше и отсуството на Луан Абази кој заработи повреда на вчерашниот тренинг. Во 34. минута, Трифонов го отвори резултатот, а во второто полувреме истиот фудбалер зголеми на 2:0 по еден од игра. Двоен стрелец за Бугарија…

Read More

Откако во текот на вчерашниот ден со коментар за иднината на Езџан Алиоски се огласи и тренерот на Лидс Ј., легендарниот Марсело Биелса, кој истакна дека доколку играчот одлучи да остане во клубот, од Лидс ќе му подадат рака, денеска со свој став и нашиот репрезентативец. Во изјава за радио ББС Лидс, Алиоски вели: „Убаво ми е тука. Да се игра за овој тим со стилот на игра кој ние го негуваме е неверојатно за мене затоа што секојдневно напредувам. Секој ден учам по нешто, а најдоброто нешто што може да го имаш во Премиер лигата е тоа што играш…

Read More

До 30.000 гледачи дневно ќе можат да се сместат на терените во Мелбурн Парк за да ги гледаат мечевите на овогодинешниот Австралија опен, кој започнува на 8 февруари. Ова го објави министерот за спорт на државата Викторија, Мартин Пакула. 30.000 ќе биде капацитетот за почетните рунди кога има повеќе натпревари на програмата, а од четвртфиналето капацитетот ќе се намали на 25.000. Публиката ќе биде рамномерно распределена за утринските и попладневните сесии. Планот на властите е за време на двонеделното натпреварување вкупно 390.000 гледачи да поминат на терените, што е околу 50 проценти од просечната посетеност на натпреварувањето во последните 3…

Read More

Сопственикот на лондонскиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Роман Абрамовиќ досега потрошил повеќе од 126 милиони евра на отпремнина на менаџерите кои добиваат откази, објави „Дејли меил“. Последната „жртва“ на рускиот тајкун беше Френк Лампард кој беше отпуштен порано во текот на неделата по пет порази во лигата на последните осум натпревари, што беше премногу за Абрамович. За утеха, поранешниот англиски репрезентативец ќе добие 2,26 милиони евра отпремнина. Абрамович потроши најмногу на отказите на Жозе Мурињо и Антонио Конте, вкупно 65 милиони евра.

Read More