Author: saso

Мексикански Тигрес се квалификува во полуфиналето на Светското клупско првенство. Со двата гола на Пјер-Андре Жињак, Мексиканците со пресврт го совладаа Улсан Хјундаи со 2:1. Тимот од Јужна Кореја изненадувачки поведе со голот на Ким Ки-Хи во 24-та минута од средбата. Жињак изедначи во 38. минута, а длабоко во додаденото време на првото полувреме поранешниот француски репрезентативец направи тотален пресврт со гол од пенал. Во полуфиналето на турнирот, Тигрес ќе се соочи со бразилски Палмеирас, кој стана шампион на Јужна Америка.

Read More

Во петок, во Софија ќе биде одреден изгледот на групите и распоредот за втората фаза од регионалното натпреварување. Во неа ќе учествуваат шест екипи, Куманово 2009 и ТФТ од Македонија, Академик-Пловдив и Берое-Стара Загора од Бугарија, односно Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил од Израел. Ќе бидат поделени во две групи, „Ф“, и „Г“ и тоа еден тим од израелската и два од балканската зона. Ќе се игра по двокружен систем „секој со секого“ што значи дека секоја екипа ќе одигра по четири меча, два на домашен и два на гостински терен. Нашите екипи не можат да бидат во иста…

Read More

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, наводно, му простил на капитенот Един Џеко, кој утрово се вратил на тренинг со остатокот од тимот и може да се врати во составот на Рома за мечот против Јувентус. „Ил Месаџеро“ пишува за важна пресвртна точка за „волчицата“ и први чекори кон помирувањето меѓу Џеко и Фонсека. Весникот открива дека Босанецот се вратил на тренинг по 10 дена надвор од тимот, официјално поради повреда. Утрово, Џеко тренираше со играчите кои не играа против Верона во неделата. Тој веројатно ќе биде повикан за дерби натпреварот против Старата дама во сабота, но се очекува да биде…

Read More

Откако стана јасно дека каталонскиот гигант е во голема финансиска криза, денеска стигна вест дека клубот на својата прва ѕвезда Лео Меси му должи огромна сума која се таложи како долг и на почетокот на оваа година.  Според весникот „Марка“, досега Барса на Меси ми должи 63,5 милиони евра. Сумата е акумулирана од неисплатените плати, појаснува весникот. Во барселона со нетрпение се чекаат претседателските извори за да почне од некаде да се решава оваа финансиска криза во која западна еден од најголемите светски клубови.

Read More

Во пресрет на квалификацискиот „меур“ во Перм, селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација, Мео Сакети, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за престојните квалификации. Сакети одбра 24 кандидати за „балонот“ во Перм. На списокот во најголема мерка се познатите играчки сили на кои Сакети сметаше и за претходниот турнир во Талин. Очекувано, за турнирот во Перм (18-22 февруари), ги нема кошаркарите кои настапуваат во НБА и Евролигата, но извесно е дека Сакети повторно ќе проба да „добие“ некој од помладите играчи, особено ако се земе в предвид дека италијанската репрезентација веќе го обезбеди пласманот на Европското првенство, како…

Read More

Тениските репрезентации на Србија и Италија почнаа со победи во новото издание на АТП Купот. Србија ја започна одбраната на титулата во АТП купот со победа од 2-1 над Канада. Душан Лајовиќ загуби од Милош Раониќ со 6:3, 6:4, но потоа Новак Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов со 7:5, 7:5 и успеа да донесе израмнување на 1:1, за Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ во игра на двојки да ги совладаат Раониќ и Шаповалов со 7:5, 7:6 (7- 4) и да обезбедат победа за Србија на стартот на тениската сезона. Во вториот натпревар на денот, Италија ја изненади Австрија совладувајќи ја со…

Read More

Дајот Упамекано од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн. Ова синоќа го потврдија германските медиуми, откако стана јасно дека Баерн се договорил со фудбалерот и ќе ја активира откупната клаузула од 42 милиони евра на крајот на сезоната. Со тоа ќе заврши сагата околу иднината на одличниот стопер, за кого Лајпциг веќе најде негова замена. На местото на Упамекано следната сезона во својата одбрандбена линија Лајпциг ќе го има Мохамед Симакан, кој ќе пристигне од Стразбур, Франција, за нешто повеќе од 15 милиони евра. Симакан беше близу до трансфер во Милан на почетокот на овој месец, но германски…

Read More

Доцна синоќа, практично во последните минути на зимскиот преоден рок, Саутемптон успеа да донесе големо засилување за продолжението од сезоната. Ливерпул му дозволи на играчот за врска Такуми Минамино да замине на „Ст. Мери“ и до крајот на сезоната како отстапен да го засили тимот на „светците“. Менаџерот на Саутемптон инсистираше на доведување на Минамино, кој ретко ја добиваше довербата од Јирген Клоп од почетокот на сезоната. Во исто време, Саутемптон го испрати Шеин Лонг на позајмица во Бурнмаут.

Read More

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, истакна дека не е задоволен од играта на своите момци на вчерашниот меч со Нексе во СЕХА Гаспром лигата. „Секој меч е приказна за себе, само поради наши грешки, Нексе секогаш се враќаат во игра. Од едно екстра отварање на мечот до несфатлив пад во играта во нападот, правевме технички грешки кои резултираа со брз гол на противникот. Не сум задоволен од многу работи, првпат можат да кажам дека сум разочаран по еден меч, не го испочитувавме она што се договоривме. Среќа што го имавме Борко, среќа што промашија во клучните моменти, мечот на крајот…

Read More

Голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бирки ќе отсуствува од натпреварите на „милионерите“ околу две недели поради повреда на рамото, објави клубот од Бундеслигата. 30-годишниот Швајцарец се здоби со повреда на тренинг минатата недела и ја пропушти победата над Аугзбург за време на викендот. Тестовите веќе дијагностицираа дека степенот на повредата е таков што нема да му даде простор за настап меѓу 10 и 14 дена. Бирки ќе го пропушти третото коло од германскиот куп против второлигашот Падерборн и следниот натпревар на Борусија од германскиот шампионат против Фрајбург во сабота.

Read More