Тениските репрезентации на Србија и Италија почнаа со победи во новото издание на АТП Купот. Србија ја започна одбраната на титулата во АТП купот со победа од 2-1 над Канада. Душан Лајовиќ загуби од Милош Раониќ со 6:3, 6:4, но потоа Новак Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов со 7:5, 7:5 и успеа да донесе израмнување на 1:1, за Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ во игра на двојки да ги совладаат Раониќ и Шаповалов со 7:5, 7:6 (7- 4) и да обезбедат победа за Србија на стартот на тениската сезона.
Во вториот натпревар на денот, Италија ја изненади Австрија совладувајќи ја со 2:1. Во првиот дуел Австријците тргнаа со победа на Новак против Фоњини со 6:3 и 6:2, но следуваше неочекуван пораз на Доминик Тим во дуелот со Беретини 2:6, 4:6. Во решавачкиот дуел во игра на двојки, Тим и Новак беа поразени од Беретини и Фоњини со 1:6, 4:6.