Суперталентираниот фудбалер на Работнички, Лука Станковски, од јуни кариерата ќе ја продолжи во Италија. Негов следен клуб ќе биде Монца. Раководствата на двата клуба ги договорија сите детали за трансферот што треба да се случи во летниот преоден рок. „Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца…
Author: saso
Ракометарите на Вардар претрпеа нов пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен беа поразени од ПИК Сегед со 28:26. Вардар одигра одлично прво полувреме во кое имаше предност на паузата од 15:13, но во вториот дел иако имаа континуирана предност во првите 15-тина минути, на крајот дозволија Унгарците да се вратат со серија погодоци за конечна победа. Во последните три минути ПИК Сегед успеа да дојде до предност од еден гол, а со добра одбрана успеа да ја сочува предноста. Вардар доби пенал за израмнување, но Чупиќ не погоди. Дибиров и Јотиќ беа најдобри кај Вардар со…
Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација Александар Тодоров, го определи списокот на 15 играчи кои ќе патуваат за Перм, каде во периодот од 18 до 22 февруари не чекаат четири квалификациски натпревари за Европското првенство во 2022 година. По неколкуте одработени тренинзи во Скопје, и второто ПЦР тестирање од Ковид-19 кое беше реализирано пред саботниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, шанса добија вкупно 13 кошаркари на кои во текот на утрешниот ден, пред тргнувањето за Перм ќе им се приклучат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски. Собирот на нашата експедиција е предвиден за утре изутрина во…
Фудбалерот од средниот ред на Борусија (Менхенгладбах), Флоријан Нојхаус е уште еден играч чие име се поврзува во медиумите со трансфер во Ливерпул, пренесува Кикер. Според изворот, се шпекулира дека 23-годишниот Германец е замена за Ваjналдум, кој најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ на лето. Друг сериозен кандидат за Нојхаус е Баерн Минхен. Оваа сезона, Нojхаус запиша 28 натпревари за Борусија, на кои постигна 6 гола и направи 4 асистенции.
26-годишната швајцарска скијачка Корин Зутер стана новиот светски шампион во спуст. Таа денеска беше најбрза на патеката во Кортина Д’Ампецо, Италија, во новата трка на светкото првенство. Зутер стигна до својот прв златен медал на Светските првенства со време 1:34,27 минути. На второто место се пласираше 24-годишната Германка Кира Вајдл, која заостана 20 стотинки зад Корин Зутер и освои сребрен медал, што е нејзин прв медал од големите натпреварувања. Швајцарскиот триумф го комплетираше 29-годишната Лара Гут-Бехрами, која додаде бронзен медал на титулата светски шампион во супервелеслалом.
Кирил Лазаров ќе биде нов селектор на македонската ракометна репрезентација. Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов денеска го потврди изборот на Лазаров на официјална прес-конференција. Лазаров првично ќе добие една година на кормилото на националниот тим, па потоа откако ќе добие Мастер Коуч лиценца, ќе добие уште 4 годиншна соработка со РФМ. „Без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и сега. Не чека голема одговорност и една успешна работа. Што се однесува до мојот стручен тим, се уште сум во преговори со стручни лица. Заклучивме со претседателот дека…
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги стартуваше мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Перм (Русија). На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го одржа во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Русија, се појавија сите повикани кандидати. Поради болки во пределот на листот на десната нога, првиот тренинг превентивно, го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап. Инаку, во Скопје ќе бидат…
Кадетската и младинската ракометна репрезентација на Македонија во женска конкуренција, денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена ги дознаа противниците за Европските првенства и ЕХФ шампионатите кои ќе се одржат на лето. Младинската женска репрезентација до 19 години ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот и ја избра групата во која ќе игра. Македонија се најд ево друштво на репрезентациите на Холандија, Фарските острови, Косово и БиХ. По натпреварите во групната фаза, првите две селекции ќе играат полуфинале, а освојувачот на ЕХФ шампионатот обезбедува место на Светското првенство 2022 година. ЕХФ Шампионат (У19) во Македонија ќе се одржи од…
Атлетико Мадрид може да биде домаќин на Челзи на Националната Арена во Букурешт. Во моментов во Шпанија е забрането да пристигнуваат патници од земјите со брзо распространета нова верзија на Ковид-19, вклучувајќи ја и Велика Британија и таа забрана трае до 16 февруари. Доколку оваа мерка се продолжи, тоа може да влијае на пресметката со лондончани во 1/8-финалето во Лигата на шампионите која е закажана за 23 февруари. Одлуката на владата за укинување или продолжување на забраната треба да се донесе денеска. Во Букурешт, Атлетико го освои својот прв трофеј под водство на Диего Симеоне совладувајќи го Атлетик Билбао со…
Кристијано Роналдо ризикува да го пропушти финалето на Купот на Италија, доколку Јувентус се квалификува vo него. Напаѓачот е еден од десетте играчи на „бјанконерите“ кои висат со жолти картони и ако добијат еден во реваншот со Интер ќе бидат надвор за битка за трофејот. Јувентус е блиску до финалето, бидејќи со два гола на Португалецот го победи Интер со 2:1 како гостин во првото полуфинале пред една недела. Реваншот во Торино е утре.
