Author: saso

Микел Хансен ќе се врати во данскиот ракомет! Веста за денот доаѓа од данската телевизија ТВ2 Спорт, која објави дека најдобриот лев бек на деценијата е пред враќање во домашниот ракомет по една деценија во странство. 34-годишниот бек на ПСЖ, кој имаше многу повеќе успеси во репрезентативниот дрес со кој освои се што може да се освои, но тешко му одеше во елитните европски тимови, потпишал тригодишен договор со Алборг од летото 2022 година.

Read More

Ракометарите на Вардар денеска имаат нов натпревар од Лигата на шампионите. По поразот во Скопје пред неколку дена, Вардар повторно на мегдан против унгарски ПИК Сегед. Денеска мечот ќе се одигра на теренот на Унгарците во Сегедин. Домашните ќе бидат фаворити, а Вардар ќе се обиде да направи изненадување. Проблем плус за Вардар ќе биде неиграњето на голманот Борко Ристовски, како и заминувањето на Вујин. Средбата стартува од 18.45 часот, а „црвено-црните“ досега имаат само една победа во групната фаза од ЛШ.

Read More

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, денеска против Италија треба да го има своето деби во дресот на Македонија. Кошаркарот на шпанската Гран Канарија, вели дека е максимално подготвен за сето она што го носат наредните пет дена во Русија. „Како што забележавте и вие, немавме многу среќа во изминатите два месеци. Затоа се трудиме и работиме напорно. Се подготвувавме да бидеме спремни за овој “прозорец’… Кои се нашите очекувања на турнирот во Русија? Да се бориме, во секој натпревар да влеземе со верба во себе, во своите можности, и во тимската работа. На секој меч да се бориме и…

Read More

По утринскиот тренинг, селекторот на нашата кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, ги одреди оние 12 кошаркари кои денеска ќе влезат во официјалниот записник за средбата со Италија. Нашата репрезентација од 15.30 часот го игра првиот од четирите дуели на квалификацискиот турнир во руски Перм. Тодоров имаше неколку дилеми, но за дуелот со Италијанците се одлучи да стартва со следните кошаркари: Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Read More

Јувентус синоќа беше поразен во Португалија од Порто во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а тренерот Андреа Пирло смета дека оние два брзи гола на Порто во двете полувремиња ја нарушиле самодовербата во тимот. „Кога ќе промашите топка една минута по почетокот на играта, тоа е прилично чудно. Тука играчите природно ја губат самодовербата, особено против тим кој знае да игра дефанзивно. Порто веднаш ја донесе играта до сценариото што го посакуваа. Со таков пристап не можете секогаш да одржувате апсолутна концентрација и вистинско темпо, но тоа не требаше да се случи во осминафиналето во Лигата на шампионите.…

Read More

Играчот за врска на Севилја, Сусо, кој го постигна првиот гол на синоќешниот меч со Борусија (Д) во Лигата на шампионите, смета дека и порак поразот, шпанскиот тим со оној втор гол успеа да сочува шанси и на реваншот во Германија да се бори за пласман во четврфиналето. „Противникот ги искористи двете или три пресекувања кои им го дозволивме да ги направат на средината на теренот. Тука направивме грешки. Голот постигнат во второто полувреме ни остава надеж. Всушност, не чека финале во Германија, во кое треба да поправиме многу работи“, изјавил Сусо по мечот.

Read More

Францускиот дефанзивец од екипата на Баерн Минхен, Бенжамин Павар, е нов случај на заразен фудбалер кај Баварците со коронавирусот. Павар беше позитивен на коронавирусот на последното тестирање, па ќе мора да го пропушти натпреварот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите против Лацио. Покрај Павар, позитивен на Ковид-19 е и Томас Милер.

Read More

Наоми Осака и Џенифер Брејди ќе играат во големото женско финале на првиот Грен Слем годинава, Австралија Опен. Осака дојде на само еден чекор до титулата откако се пласираше во финалето по убедливата победа над трикратната шампионка во Мелбурн, Серена Вилијамс со 6-3, 6-4. Осака по вторпат ќе игра за трофејот. Серена Вилијамс иако ја посакуваше својата 24-та Грен слем титула, сепак, одигра еден слаб меч против третиот светски рекет, кој не и остави многу шанси за победа. Нејзина противничка во големото финале ќе биде американската тенисерка Џенифер Брејди, 22. носителка на АО која до финалето стига совладувајќи ја чешката…

Read More

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска го одработи и вториот тренинг во салата „Молот“ во Перм. Тренираа сите 15. кошаркари на кои смета селекторот Александар Тодоров за турнирот кој го стартуваме утре попладне, поточно од 15.30 часот кога го играме дуелот против селекцијата на Италија. Селекторот Тодоров ќе ги објави 12.кошаркарки кои ќе влезат во протоколот за овој натпревар по техничкиот состанок со официјалните лица на ФИБА, односно комесарите на „балонот“ во Перм, предвиден за доцна попладне. Стручниот штаб на нашата селекција во меѓувреме ќе одлучи дали ќе го искористи и терминот за тренинг предвиден на денот на одигрување на натпреварот…

Read More

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски за мини кампот успеаја со 2-0 да го победат Работнички на контролен натпревар што се играше денеска на теренот на ФФМ во Скопје. Тоа беше добра контрола, интересен меч, на кои селекторот имаше што да види од евентуалниот потенцијал во пресрет на репрезнетативните настапи. Првиот гол за избраниците на Ангеловски беше дело на Дориев во 15 минута. Вториот гол пак беше дело на Фатих Исмали во 65.минута за конечни 2:0 за екипата на селекторот Ангеловски. Репрезентација: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски. Играа и: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези,…

Read More