Ракометарите на Вардар денеска имаат нов натпревар од Лигата на шампионите. По поразот во Скопје пред неколку дена, Вардар повторно на мегдан против унгарски ПИК Сегед. Денеска мечот ќе се одигра на теренот на Унгарците во Сегедин.
Домашните ќе бидат фаворити, а Вардар ќе се обиде да направи изненадување. Проблем плус за Вардар ќе биде неиграњето на голманот Борко Ристовски, како и заминувањето на Вујин.
Средбата стартува од 18.45 часот, а „црвено-црните“ досега имаат само една победа во групната фаза од ЛШ.