Author: saso

Поранешниот селектор на Македонија, Никола Илиевски-Џиџи на една недела до почетокот на пролетниот дел од шампинатот на Македонија, седнува на кормилото на Вардар. Во обид да се пронајде спас на сезоната, Џиџи доаѓа во Вардар каде веќе од денеска ќе ги започне подготовките со преостанатиот тим кој го има на располагање за вториот дел од сезоната. Илиевски ќе биде именуван за нов тренер на екипата, а ќе му асистираат Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Никола Глигоров. Вардар во првиот дел од сезоната финишираше на 5. место на табелата со 25 освоени бода.

Read More

М’Баје Нианг се сели во Саудиска Арабија. Поранешниот напаѓач на Милан, кого Болоња го бараше но не успеа да се договори во последните неколку дена од трансфер пазарот, е нов играч на Ал-Ахли. Ова го соопшти клубот доцна синоќа. Според извештаите на „Л’Екип“, договорот со Рен бил постигнат врз основа на заем за сума од околу 1,5 милиони со опција за купување. Нианг во последната сезона одигра 35 меча и постигна 11 гола во дресот на Рен.

Read More

Тампа Беј е новиот НФЛ шампион, откако тимот предводен од неверојатниот Том Брејди, дојде до победа над минатогодишниот шампион Канзас Сити со 31:9 во 55. издание популарниот Супер Боул. Тампа Беј по вторпат во историјата го освојува шампионскиот наслов. Квотербекот на Тампа Беј, Том Брејди стигна до седмата победа во Суперболот. Денес Брејди го понесе трофејот за првпат со Тампа Беј, за кој игра од 2020 година. Пред тоа, 43-годишниот Американец играше за Ингланд Ингланд Патриотс и шестпати стануваше шампион на НФЛ лигата (2002, 2004, 2005, 2015, 2017, 2019).

Read More

По првиот дел од сезоната 2021 година, седумкратниот првак во Мото ГП, Валентино Роси ќе одлучи дали ќе ја продолжи кариерата и во 2022 година. Оваа вест ја објави најблискиот пријател и колега на Роси, Алесио Салучи. Во 2021 година, Роси се пресели од Јамаха во тимот на СРТ и прашање е дали ќе биде задоволен од перформансите на моторот кој ќе ги добие. Легендата на Мото ГП наполни 42 години во февруари, но се уште не се решил за пензионирање. „Ќе зависи од трките на старот на сезоната. По првите шест или седум трки ќе видиме колку е среќен,…

Read More

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс ќе го напушти клубот на крајот на сезоната и најверојатно ќе замине во Барселона. Според „Мундо Депортиво“ 47-годишниот Овермарс по 8 години поминати на оваа функција во холандскиот гигант добил понуда да ја преземе истата функција во каталонскиот гигант. За Овермарс е заинтересиран и лондонски Арсенал, за кој играчот играше од 1997 до 2000 година.

Read More

Капитенот на Реал (М), Серхио Рамос ќе паузира во следните шест недели, откако денеска мораше да оди на операција. Според шпанските медиуми, дефанзивецот го повреди менискусот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, а лекарите потврдија дека повредата мора да се санира со оперативен зафат. Рамос се обидуваше да закрепне без операција, но по вчерашниот тренинг стана јасно дека се работи за сериозна повреда. Се очекува тој да се врати на теренот на почетокот на април, што значи дека ќе го пропушти двомечот со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Read More

Ракометната федерација на Белгија ја извести ЕХФ дека се откажува од квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка. Одлуката е поради лошата ситуацијата со Ковид-19, како и краткиот период за подготовки. Натпреварите требаше да се играат во текот на месец март и април. Со оваа одлука на Белгија, Србија ќе обезбеди директен пласман бидејќи има најповолна позиција во својата група.

Read More

Американецот Доминез Барнет повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако вчера беше официјализиран раскинот на договорот. Како што објавија од клубот, играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи. Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи. Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром ја искористи можноста од договорот за предвремен раскин на соработката и му се заблагодари…

Read More

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа по победата над Херта од 1:0, заглавија на аеродромот во Берлин поради лошото време. По натпреварот играчите на Баерн веднаш требаше да летаат за Доха, каде треба да настапат на Светското клупско првенство, но нивниот план се изјалови. Играчите на Баерн чекале седум часа на аеродромот во Берлин пред да полетаат, но место за Доха, дошле во Минхен, од каде ќе ги чека нов лет за Катар.

Read More

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај Порто со 27:24 во првиот меч од ЛШ во новата година. Вардар претрпе нов пораз, иако имаше одлични први 30 минути кои ги заврши воегал, 13:13. Очајните 5-6 минути на стартот на вториот дел кумуваа на конечниот епилог. Порто тогаш направи висока предност од 4-5 гола, која Вардар со пожртвувана игра успеа да ја сведе на негатива од еден гол пред крајот, но не успеа во намерите за целосен пресврт. Порто успеа да го реши мечот во своја полза. Голманите Митревски (Порто) и Борко Ристовски (Вардар) вечерва беа одлични, особено Борко кој ја…

Read More