Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај Порто со 27:24 во првиот меч од ЛШ во новата година. Вардар претрпе нов пораз, иако имаше одлични први 30 минути кои ги заврши воегал, 13:13.
Очајните 5-6 минути на стартот на вториот дел кумуваа на конечниот епилог. Порто тогаш направи висока предност од 4-5 гола, која Вардар со пожртвувана игра успеа да ја сведе на негатива од еден гол пред крајот, но не успеа во намерите за целосен пресврт.
Порто успеа да го реши мечот во своја полза. Голманите Митревски (Порто) и Борко Ристовски (Вардар) вечерва беа одлични, особено Борко кој ја држеше цела игра на „вардарци“. Дибиров со 8 гола беше најдобар реализатор кај Вардар, додека кај Порто, Бранкињо постигна 7 гола.